Физичка хемија за наставна насока II - Б ниво

Содржина на предметната програма

I. Течна состојба: несреде­ност кај течности; опис на структурата на теч­нос­тите; меѓу­молекулски сили. II. Хемија на површините: површински напон; микрохетерогени системи; колоидни системи, двоен елек­тричен слој, електрофореза и електро­осмоза. III. Молекуларно-кинетичка теорија на гасо­вите. Равенка на состојба на Макс­веловски гас. Распределба на брзините кај Максвеловски гас. Барометарска формула. Функции на распределба на брзините, најверојатни, средни и средно-квадратни брзини. Судири на мо­ле­кулите со ѕидовите на садот. Ефузија и транс­фузија. Суди­ри меѓу молекулите. Среден слободен пат. Транс­портни феномени (вискозност, топлинска спроводливост и дифузија). IV. Хемиска кинетика. Формална кине­тика. Брзина на хемиската реакција. Кинетички равенки и временски закони (функции). Константи на брзина­та, ред и молекуларност на реакцијата. Консекутивни и паралелни реакции. Повратни и верижни реак­ции. Температурна зависност на константите на брзина. Теорија за судири кај бимолекулски реакции во гасна фаза. Унимолекулски реакции. Теорија за преодната состојба. Ос­новни поими од катализа. Хомогена, хетерогена и ензимска катализа. Пристап при решавање на задачи/проблеми од физичка хемија 2 (од аспект на идниот нас­тав­ник).

 

Литература

1. Питер Аткинс, Жулио де Паула, Аткинсова физичка хемија (осмо издание), Просветно дело, Скопје, 2011

2. Б. Шоптрајанов, Физичка хемија 1, интерна скрипта.


    Следни испити од овој предмет:

  • 29 Јануари 2016 во 10:00 Усен испит II декада
  • 20 Јануари 2016 во 10:00 II Колоквиум
  • 16 Јуни 2016 во 10:00
  • 14 Ноември 2016 во 08:00 Испит Амфитеатар ЗАБЕЛЕШКА: Задолжително да си носите свој калкулатор. Нема да се дозволи позајмување на калкулатори.
  • 05 Април 2017 во 12:00 СЕ ОДЛОЖУВА!!! Испит, дополнителна априлска сесија ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР!!! Задолжително носење калкулатор и периоден систем Амфитеатар
  • 19 Април 2017 во 12:00 Амфитеатар Задолжително да се пријавите за усен испит.
  • 07 Јуни 2017 во 10:00 I декада, испит Амфитеатар
  • 19 Јуни 2017 во 10:00 II декада, испит Амфитеатар
  • 25 Август 2017 во 10:00 I декада, усен испит, Амфитеатар - задолжително пријавување во i-know, - се избира само една декада за полагање. Не може да се полага во двете!
  • 05 Септември 2017 во 10:00 II декада, усен испит, Амфитеатар - задолжително пријавување во i-know, - се избира само една декада за полагање. Не може да се полага во двете!

    Материјали