Историја на хемија

Програма на предметот

Потеклото на името хемија. Почетоците на хемијата. Философски раз­мислувања за природата на материјата. Познавања на некои видови материјали (керамика, стакло, метали, бои, алкохол, оцет) и дестилациона апаратура. Алхемиски период. Јатрохемија. Пневматска хемија. Теорија за фло­ги­стонот. Антифлогистонска теорија на Лавоазје. Почетоци на аналитичката хемија. Теории за атоми/мо­лекули. Средновековни размислувања за структурата на материјата. Теоријата на Лемери, Бошкович, Хигинс, Ломо­но­сов, Берцелиус, Ге-Лисак, Авогадро, Каницаро. Откривање на нови елементи. Систематизација на еле­мен­тите (Деберајнер, Њулендс, Менделеев). Хемијата во 19-от век. Развиток на неорганската, аналитичката, органската, физичката хемија и електрохемијата. Теорија на електролитна дисоцијација на Арениус. Откривање на катод­ните зраци, електронот, протонот и неутронот. Претстави за структурата на атомот. Откривање на радиоак­тив­носта. Развиток на биохемијата. Хемија на 20-от век.

 

Литература

1. Л. Андреева, Историја на хемијата, ПМФ, Скопје, 2006.

2. J. R. Partington, A Short History of Chemistry, Dover Publi­ca­tions, New York, 1989.


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали