Лабораторија за Раманска спектроскопија

Раманската спектроскопија е спектроскопска техника базирана на нееластично расејување на монохроматска светлина добиена од ласер. Нееластичното расејување значи дека фреквенцијата на фотоните од монохроматската светлина се менува при нивна интеракција со примерокот кој се анализира. Фотоните од ласерската светлина се апсорбираат од примерокот и потоа се емитираат. Фреквенцијата на емитираните фотони е поместена (повисоко или пониско) во однос на упадната монохрoматска фреквенција што се нарекува Раманов ефект. Ваквото поместување дава информација за вибрационата, ротационата или друга понискофреквентна енергетска промена во молекулите.


Опременост




HORIBA JOBINYVON LABRAM 300 

 

SPECTROGRAPH

300 mm focal length; Gratings with 1800 gr/mm and 600 gr/mm

 

SPECTRAL FEATURES

Resolution: from 2 to 4 cm-1; Low Frequency Measurement: from 30 cm-1

 

LASERS

Internal: HeNe 17 mW (632.817 nm); External: Nd:YAG frequency doubled 50 mW (532 nm)

 

CONFOCAL HOLE

Adjustable between 0 and 1500 μm

 

MICROSCOPE

High stability: BX41; Objectives: 10x, 50x, 100x, 50x LWD

 

SAMPLE HOLDERS

Manuel stage; Automatic XY microscope stage for point by point imaging/mapping

FIBER OPTIC

Laser coupling into a fiber optic when using a super head


Можности за анализа

Лабораторијата се користи главно за истражувачки цели, но дава можности и за апликативни цели бидејќи овозможува:

  • Идентификација и карактеризација на практички сите материјали 
  • Анализираните примероци не се уништуваат (недеструктивна техника)
  • Не бара претходна подготовка на примероците.
  • Снимање на поголеми (центиметарски), помали (милиметарски) примероци како и на прашкасти проби (<1 µm).
  • Можност за анализа и на водни раствори и други течности, биооргански супстанци (ткива), гелови, тенки филмови, некои чисти метали итн.

Одговорно лице за контакт

Проф. д-р Петре Макрески

тел. 02/3249955 или 070635839

e-mail: petremak@pmf.ukim.mk