Лабораторија за анализа на органски супстанци во сложени матрици


Опременост и услуги



LECO Pegasus 4D



 

     Во рамките на Лабораторијата за гасна хроматографија со средства на Владата на Р. Македонија е набавен нов инструмент за гасна хроматографија: Pegasus 4D кој се состои од GC×GC–TOF/MS. Значењето на овој инструмент кој е од најновата генерација на гасни хроматографи е што овозможува раздвојување на испарливи компоненти а издвоените аналити се идентификуваат со масен спектрометар и тоа со анализатор од типот на време на прелет. Покрај тоа, инструментот располага со додатоци за подготовка односно внесување на примерокот што ја проширува неговата примена. Како целина, но и како посебни три дела, хроматографски, детекторски и подготовка на образецот, се работи за единствен инструмент во нашата земја и пошироко во регионот.


Можности за анализа

 

     Лабораторијата може да се користи за анализа на траги на разни видови штетни супстанци, како на пример:

  • анализа на пестициди и други супстанци од европската приоритетна листа во животната средина (вода, почва, воздух)
  • анализа на штетни материи во прехранбени продукти и во амбалажа
  • анализа на штетни материи во прехранбени продукти како и во производи за широка потрошувачка

Одговорно лице за контакт

Проф. д-р Зоран Здравковски

тел. 324-9926

 е-пошта:  zoran@pmf.ukim.mk