Периоден систем на елементите 1 и 2 (на македонски јазик)



Периоден систем, македонски


Периоден систем, албански


Периоден систем, турски


Во издание на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје излезе ажуриран периоден систем на елементите во постер и А4 формат на 300 g хартија/картон. Периодниот систем ги содржи следниве податоци: симболите на елементите вклучувајќи ги и новите елементи и нивните имиња, релативните атомски маси според IUPAC[1] од 2011, електронските конфигурации според NIST[2] од 2013 година, температурите на вриење, температурите на топење, вообичаените оксидациски броеви, густините и електронегативностите на елементите.

Постерите (100 cm × 80 cm) на периодниот систем се печатени на три јазици: македонски, албански и турски. Цената изнесува 1200 ден + 216 ден ДДВ = 1416 ден. Доколку сте заинтересирани ве молиме побарајте профактура на наведената е-адреса (наведете на кого да гласи профактурата и на кој јазик да е периодниот систем): chemistry@pmf.ukim.mk. Уплатата може да се изврши и на општа уплатница според податоците дадени подолу.

Кај малата верзија (А4) која е само на македонски на задната страна се дадени некои од препораките на IUPAC за основните физички величини и нивните симболи и единици, префиксите, некои дозволени единици надвор од SI, вредности на некои физички константи како и некои од правилата на правописот на IUPAC. Оваа верзија е на продажба на Природно-математичкиот факултет (соба 18 на Институтот за хемија) по цена од 60 ден, а може да се нарача и поголем број за потребите на училиштата заедно или одделно со големиот периоден систем.

 

Цел на дознака: постер на периоден систем (јазик)

Износ: МКД          1416

Назив и седиште на примач: ПМФ - Скопје

Банка на примач: НБРМ

Даночен број: 4043009100070

Трезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600110804 788 19

Приходна шифра   програма   начин:  723014   41   2

 



[1] International Union of Pure and Applied Chemistry

[2] National Institute of Standards and Technology