Лабораторија за атомска спектроскопија


Опременост


Инструмент ААЅ


     Лабораторијата за атомска спектроскопија располага со 3 атомски апсорпциони спектрометри (AAS) од кои еден е AAS со графитна печка (Varian, SpectrAA 640Z), еден за пламена AAS (Thermo Elemental, Solaar II) и еден AAS со додатоци за пламена AAS, за хидридно генерирање и систем за ладни пареи (Varian, SpectrAA 55B). Во соработка со лабораторијата на Царината на Р. Македонија, во оваа лабораторија во функција е и атомски емисионен спектрометар со индуктивно спрегната плазма (ICP-AES), Varian, 715ES. Исто така, лабораторијата располага и со 3 микробранови системи од кои 2 за целосно разложување на примероци и еден за екстракција (CEM, Mars) на примероци (CEM, Marsx).


Можности за анализа

     Лабораторијата за атомска спектроскопија во рамките на своите активности се занимава со научноистражувачка работа која се одвива во разработка или модификација на методи за определување на елементи во траги со примена на AAS или ICP-AES во различни примероци (руди и минерали, почви, биолошки материјал, храна, води и  пијалаци и др.) како и во следење на состојбата со загадувањето на животната средина (воздухот, водите, почвите и др.) со тешки метали. Во таа насока лабораторијата има соработка со различни институции во странство (Австрија, Албанија, Бугарија, Русија, Словенија, Србија, Хрватска, Унгарија) со која го зголемува делокругот на своите истражувања со користење на дополнителна софистицирана опрема за следење на елементите во траги во различни видови на примероци.

 

     Исто така, Лабораторијата има и апликативна дејност во изработка на различни студии, елаборати или испитувања за потребите на стопанството и други институции.


Одговорно лице за контакт

Проф. д-р Трајче Стафилов

тел. 324-9906

е-пошта: trajcest@pmf.ukim.mk