Клуб на студенти


Членови на „Клубот на студенти“

 

Клубот на студенти - хемичари" е дел од Сојузот на хемичари и технолози и негови членови се студентите на институтот по хемија. Основната цел на ова друштво е организирање активности наменети за студентите преку кои подобро ќе се запознаат со практичната примена на хемијата. Другите цели на клубот се скоро неограничени, а основната карактеристика која се бара е самоиницијативноста од студентите, т.е. секоја нова идеја е добредојдена.


Клубот се наоѓа на Институтот по хемија на приземје (лево од главниот влез). Сите студенти на Институтот по хемија се добредојдени, а доколку не можете да не најдете, пишете ни во инбокс или јавете се на бројчињата истакнати на вратата“.