Pедовен професор (во пензија) д-р Фроска Анастасовска Retired professors Dr Froska Anastasovska


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Фроска АНАСТАСОВА, вонреден професор, е родена на 28 февруари 1948 г. во Скопје. Средно образование завршила во гимназијата „Јосип Броз Тито” во Скопје. Во учебната 1966/67 г. се запишала на студии по применета хемија на Природно-математичкиот факул­тет во Скопје. Дипломирала во 1972 г. на Заводот за органска хемија, под менторство на проф. д-р Мирослава Јанчевска-Николовска. Во 1973 г. се запишала на постдипломски студии на Хемискиот институтот при Природно-мате­ма­тич­ки­от факул­тет во Скопје. Магистрирала во 1988 г. со од­бра­на на магистерскиот труд „Синтеза и реакции на супституирани хинолини” (мен­тор била проф. д-р Мирослава Јан­чев­ска). Во 1997 г. на Институтот за хемија при Природно-мате­ма­тич­киот факул­тет во Скопје ја одбранила докторската дисертација под наслов „Синтеза на некои хетероциклични азометини со потен­ци­јал­на биолошка активност”. По дипло­ми­ра­њето, во 1975 г., стапила на работа на Хемискиот инсти­тут на При­­родно-матема­тич­ки­от факул­­тет во Скопје, во својство на помлад асистент. За асистент е избрана во 1988 г. Во звањето доцент е избрана во 1998 г. а во звањето вонреден професор во 2003 г. Како помлад асистент и асистент држела лабораториски вежби по медицинска хемија за студентите на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет, општа хемија за студентите на Шумарскиот факултет и студентите на групата биологија и групата физика на ПМФ, хемија за студентите на интер­дисцип­ли­нар­ни­те студии за заштита при работа и за студентите на интердисциплинарните студии по инженерство на животната средина, органска хемија за студентите на групата хемија на ПМФ. Подоцна како доцент и вонреден професор држела вежби хемија за студентите на ИСИЖС, Органска хемија за студентите на групата биологија на ПМФ, хемија на природни производи и синтеза и анализа за студентите по хемија. Како доцент ја изведувала наставата-предавања по хемија за студентите на ИСИЖС и органска хемија за студентите на групата биологија на ПМФ. Како вонреден професор ја држи наставата: основи на органска хемија за студентите на групата биологија-наставна и еколошка насока, органска хемија за студентите на групата биологија-биохемиско-физиолошка насока, потоа хемија на природни производи на група хемија-препаративна насока, хемија на природни производи и, хемија на природни производи и експериментална биохемија на групата хемија - насока аналитичка биохемија. Научната работа со која се занимава е од областа на орган­ска­та хемија. Учествувала во изработката на 5 научноистражувачки проекти. Во изминатиот период била рецензент на три труда во домашни списанија. На научни манифестации презентирала (усно или постерски) 27 трудови и тоа надвор од Македонија 9 и во Македонија 18 трудови. Според Science Citation Index, објавените резултати од науч­на­та ра­бо­та на професор Анастасова се цитирани 10 пати. Два пати била член на Организациониот одбор на научни кон­фе­рен­ции. Учествувала во изработката на 5 домашни научно-истражувачки проекти, од кои на еден е раководител. Ментор е на еден кандидат за докторска дисертација и на повеќе кандидати за дип­ломска работа. Во текот на 1988/89, 1989/90 како и неколку пати подоцна престојувала на Хемискиот факултет во Белград и на Институтот за органска инструментална анализа во состав на Институтот за хемија, технологија и металургија на Србија. Била раководител на Заводот за неорганска и општа хемија, а сега е раководител на Заводот за органска хемија и биохемија. Повеќе години е член на оценувачките комисии по органска хемија, во рамките на движењето “Науката на младите”. Познавање на странски јазици: француски, англиски, српски.

Досега има објавено 25 трудови од кои во списанија со импакт фактор надвор од Македонија 8 и во списанија во Македонија 6. Во Зборници на трудови надвор од Македонија има објавено 2 труда, а во Зборници на трудови во Македонија 9. Позначајни трудови се: L. Jovevska, F. Anas­ta­so­va, V. Aleksić, The synthesis of some N-Ш4-sub­stituted phenylЌ-3-ace­toxythiobenzamides and their N1 And N3-disubstituted amidrazones, Synth. Commun.26, 279-286 (1996); Z. Juranić, F. Anastasova, I. Juranić, T. Stanojković, S. Radulović, N. Vuletić, An­tiproliferative action of isatine-β-thio­car­bo­hyd­razone and N-ethylisatine-β-thiocarbo­hyd­ra­zo­ne on human PBMC and on two neoplastic cell lines J. Exp. Clin. Cancer Res.18, 317-324 (1999); P. Naumov, F. Anastasova, Experimental and theoretical vibra­tional study of isatin, its 5-(NO2, F, Cl, Br, I and CH3) analo­gues and the isatinato anion, Spectrochimica Acta Part A.57, 469-481 (2001); N. Ristovska, M. Stefova, F. Anastasova, RP-HPLC method for simulta­neous determination of thiobenzanilide and its oxidation products: monitoring of the oxidation of thiobenzanilide with the Jones’ reagent”, J. Liq. Chromatogr. Rel. Technol.28, 2391-2401 (2005); P. Naumov, N. Ristovska, F. Anastasova, S. W. Ng, N-(N-phenyl­benzimi­doyl) thio­benz­ani­lide, Acta Crystallogr: Struc. Rep., E61, o3036-3037 (2005).