- д-р Благоја Андоновски Former Dr Благоја Андоновски


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Благоја АНДОНОВСКИ, доцент, роден е на 1 март 1963 г. во Куманово. По завршу­ва­ње­то на сред­ното училиште (Гимназија „Гоце Делчев”), во 1981 г., и по отслу­жувањето на воениот рок, во 1982/83 г. се запишал на студии по хемија (аналитичко-струк­турна насока) на Хемис­киот факултет во Скопје. Дипломирал во 1987 г. на Заводот за чиста и применета физичка хемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, под ментор­ство на проф. д-р Глигор Јовановски. Бил најдобар студент во својата генерација. По дипломирањето се запишал на постдипломски студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката за аналитичка хемија. Магистер­ската теза „Испитување на некои реакции на индол и 3-супституирани индоли и нивна примена во спектрофото­мет­рија” (работена под ментор­ство на виш предавач Александар Николовски) ја одбранил во 1992 г. Својата докторска дисертација под наслов: „Ис­пи­ту­ва­ње на кисело-базните рамнотежи кај индолите” ја одбранил во 1999 г. на Институтот за хемија при ПМФ. Во 1987 г. е примен како приправник на Институтот за хемија, а наредната година е избран за помлад асистент. За асистент е избран во 1993, а преизбран во 1996 г. Во периодот откога е примен на Факултетот, м-р Андоновски изведува вежби по ана­литичкохемиски предмети за студентите хемичари. Во 2002 е избран за доцент по предметот аналитичка хемија. Во истражувањата е ориентиран кон инструментални методи на хемиска ана­лиза. Специјалност му се спектроскопските (улравиолетови) методи на анализа. Учествувал во изработката на два научни проекта. Во соработка со професор Симка Петровска-Јовановиќ ја има издадено книгата Збирка на решени задачи по аналитичка хемија (2001 г.). За голема жал на вработените на Институтот за хемија, професор Андоновски многу млад го напушти Институтот за хемија. По подолго боледување почина во 2004 г. со што запре неговата интензивна наставна и научна активност. Членовите на Институтот за хемија секогаш ќе ги паметат неговата скромност и упорност во работата.

Има објавено 25 трудови од кои 10 во меѓународни списанија со IF, 3 во други странски списанија, 11 во списанија во РМ, 2 труда се печа­те­ни во зборници на трудови од меѓународни научни собири а 2 во зборници од собири одржани во РМ. Презентирал над 30 соопштенија на интер­на­цио­нални и национал­ни научни собири.