- д-р Олга Генчова Former Dr Олга Генчова


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Олга ГЕНЧОВА, вонреден професор (во пензија), е родена на 2 август 1940 г. во Лерин (Грција). Средно училиште (природно-матема­тич­ка гимназија) завршила во Орадеа (Романија) во 1957 г. Истата година се запишала на студии на Хемискиот факул­тет во Клуж (Романија). Дипломирала во 1962 г. На постдипломски студии се запишала на Природно-ма­­тематичкиот факултет во Скопје, на насо­ката за неор­ганска и аналитичка хемија. Магистри­рала во 1979 г., под мен­торство на проф. д-р Димче Тошев, бранејќи го трудот “Оп­ределување на вкупен и раствор­лив силициум во не­кои води на СР Ма­ке­до­­нија”. Во периодот од октомври 1987 до октомври 1988 г. престо­јувала во Љуб­љана (на Fakulteta za naravoslovje in tehnologijo), каде што ра­бо­­­тела врз својата докторска теза “Оксалатоме­тала­ти на ретките земји”. Доктори­рала во 1991 г. во Љуб­ља­на, под мен­торство на проф. д-р Јоже Шифтар. По дипломирањето, од 1962 до 1967 г., работела ка­ко стру­чен соработник во Академијата на науките во Темишвар. На Хемискиот институт на При­родно-математичкиот факултет во Скоп­је доаѓа во 1970 г., исто така како стручен со­работник. Во 1973 г. е избрана за асистент и во ова звање е преизбирана сè до 1995 г., кога е избрана за доцент по предметот неорганска хемија со основи на неорганска технологија за студентите на дво­пред­мет­ните студии по биологија-хемија. За вонреден професор е избрана во 1999 г. Како асистент ја изведувала практичната и теоретската наставата по предметите: неор­ган­ска хемија за студентите по хемија, општа хемија за студентите по биологија, неорганска хемија за студентите по фармација, медицинска хемија за студентите по медицина и стоматологија и неорганска хемија со основи на неорганска технологија за студентите од групата биологија-хемија. Од октомври 2004 се наоѓа во пензија. Во научноистражувачката работа била ориентирана кон електроаналитич­ките методи со јоносе­лек­тив­ни електроди. Во последниве години се занимава со синтеза на неоргански соединенија и со термичка ана­ли­за. Пред научната јавност досега се прет­ставила со вкупно 18 трудови: 5 трудови се печатени во меѓународни спи­са­ни­ја со impact factor, еден труд е печатен во национално списание надвор од Македонија, 9 трудови се објавени во списанија од РМ и три трудови се пе­чатени во зборници на трудови. Според Science Citation Index, објавените резултати од науч­на­та ра­бо­та на про­фесор Генчова се цитирани 20 пати.  Проф. Генчова има презен­ти­та­но и 16 соопштенија на научни мани­фес­­тации на интернационални и национални научни собири. Учествувала во изработката на три научни проекти.

Нејзини 5 позначајни трудови се: O.Genčova, J. Šiftar, Synthesis and thermal characteristics of caesium oxalato-metallates of some rare earths, J. Therm.Anal.44, 1171-1176 (1995); O. Genčova, J. Šiftar, Synthesis and dehydration of double oxalates of rare earths(III) with some monovalent metals, I. Synthesis and thermal behaviour of KLn(C2O4)2·nH2O, J. Therm. Anal.48, 321-326 (1997); O. Genčova, J. Šiftar, Synthesis and dehydration of double oxalates of rare earths(III) with some monovalent metals, II. Investigations of RbLn(C2O4)2·nH2O, J. Therm. Anal.48, 877-884 (1997); O. Genčova, J. Šiftar, Hydrazinium oxalato-metallates of rare earths(III), J. Therm. Anal.55, 52-57 (1999); O. Genčova, J. Šiftar, Sodium oxalato-metallates of rare earths(III) (lantha­nons), J. Therm. Anal.56, 63-69 (1999).