Pедовен професор (во пензија) д-р Иванчо Јанев Retired professors Dr Иванчо Јанев


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Иванчо ЈАНЕВ, вонреден професор (во пензија), е роден на 23 јануари 1947 г. во Него­тино. Средно училиште (педагошка гимназија) завр­­шил во Скоп­је. Во 1966/67 г. се запишал на студии по применета хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ди­пло­мирал на Заводот за физичка хемија, под менторство на проф. д-р Иван Петров, во 1970 г. Во 1973/74 г. се за­пи­шал на постдипломски студии на насоката за органска хемија и биохемија. Магистрирал во 1981 г. на темата: „Син­теза на полиоксо соединенија и на некои нивни дери­вати”, рабо­тена под менторство на проф. д-р Мирослава Јанчевска. Во 1984/85 г. бил на научно и стручно усо­вршу­вање на Заводот за органска хемија и биохемија во Загреб. Докторирал во 1988 г. на Природно-мате­ма­тичкиот факул­тет во Скопје, бранејќи го трудот „Нови реакции на симет­рични поликетони”. Ментор му бил угледниот загрепски про­фесор Крешимир Баленовиќ. Веднаш по дипломирањето стапил на работа како стручен соработник на Хемис­киот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1976 г. е избран за помлад асис­тент. По магистрирањето (во 1982 г.) е избран за асистент на Хемис­киот факултет во Скопје. Уште двапати е преизбиран во ова звање. Во 1991 г. е избран за доцент на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а во 1996 г. за вонреден професор. Во оваа звање е преизбиран два пати (2001 и 2006 г.). Д-р Јанев изведувал настава за студентите хемичари по предметите орган­ска син­теза и анализа и одбрани поглавја од органската хемија. Објавил осум печатени трудови (два труда во меѓународни списанија, два во списанија печатени во РМ и четири во зборници на трудови). Презентирал и 15 соопштенија: едно на меѓународна мани­фестација, осум на национални (вклучително и општојугословенски) собири одржани надвор од РМ и шест соопштенија на собири одржани во Македонија. Учествувал во изработката на три научни проекти. Од 2011 година е во пензија.