- д-р Даринка Коцева Former Dr Даринка Коцева


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Даринка КОЦЕВА, вонреден професор (во пензија), е родена во 1929 г. во Кочани. Студирала хемија на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1954 г. Во 1979 г. на Хемискиот факул­тет во Скопје одлично ја одбранила својата док­торска дисер­тација, работена под менторство на професорот Јоже Шиф­тар. Во 1961/62 г. била на петнаесетмесечен престој на Универзитетот во Љубљана, кадешто работела под мен­тор­ство на проф. Брчич. По дипломирањето била примена за асистент на Катедрата за хемија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во ова звање била неколку пати преизбрана, за во 1972 г. да биде избрана за предавач на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. По доктори­ра­њето, во 1981 г., е избрана за вонреден професор на Хе­мис­киот факултет во Скопје. Како асистент изведу­ва­ла вежби по поголем број практикуми на Катедрата за хемија (односно Хемискиот институт). Уште пред да биде избрана во наставничко звање (во 1966/67 г.) и била доверена нас­та­вата по анали­тичка хемија, која ја изведувала сè до заминувањето во пензија. Научноис­тра­жу­вач­ка­та работа на проф. д-р Даринка Коцева е, претежно, од областа на термичката анализа. Работела на проблеми на термичкото распаѓање на различни групи двојни фосфати и арсенати, уранилни соединенија, двојни соли што во својот состав содржат бе­рилиум, хидрогенарсенатни соединенија итн. Рабо­те­ла и на проблеми во врска со реак­ционата способност на силициумдиоксидот во смеса со MgO и Mg(NO3)2. Се занимавала и со испитувања на содржината на микро­еле­мен­тите во опре­де­ле­ни видови тутун од Македонија. Има објавено 5 трудови од кои 1 во списание со фактор на влијание. Од октомври 1988 г. е во пензија.