Редовен професор д-р Виктор Стефов prof. Dr Viktor Stefov


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р ВИКТОР СТЕФОВ, редовен професор, е роден на 29 јули 1961 г. во Ташкент (Узбекистан, пора­не­шен СССР). Средно училиште завршил во Скопје (ХУЦ „Марија Кири-Скло­довска”), во 1980 г. Истата година се запишал на студии по хемија на Хемискиот фа­кул­тет во Скопје. Под менторство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов дипломирал на Институтот за чиста и применета физичка хемија во 1984 г. како најдобар студент во својата генерација. Во 1986/87 г. се запишал на постдипломски студии на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1992 г. со одбрана на трудот „Инфра­црве­ни спектри и спектар-струк­тур­ни корелации на некои аквахлоро комплекси”, под менторство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов. Докторската дисертација со наслов: “Вибрациони спектри на комплексни халогениди” ја одбра­нил во 1997 г. на Институтот за хемија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Репуб­лика Македонија. Во 1986 г. е примен како приправник на Институтот за хемија при Природно-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје. Наредната година е избран за помлад асистент. По магис­три­рањето, во 1993 г., е избран за асистент, во 1996 г. е преизбран во истото звање, а во 1993 г. за асистент на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Држел вежби по предметите: различни практикуми по физичка хемија за студенти на хемија, биологија и фармација, кристалохемија, методи за определување на молекулски структури. За доцент е избран во 1998 г., а за вонреден професор во 2003 г. Држи настава по предметите: одбрани поглавја од физичка хемија, методи за определува­ње на молекулски структури и извори и користење на хемиски инфор­ма­ции. Главно подрачје на неговиот научен интерес е структурната хемија и молекулска спектроскопија, додека другите подрачја на научен интерес вклучуваат неорганска синтеза, заштита на животната средина и сл. Активно ги владее англискиот и рускиот јазик. Проф. Стефов досега има објавено вкупно 59 трудови, од кои во списанија надвор од Македонија се објавени 44 (во списанија со импакт фактор 37 трудови, во зборници на трудови 2 труда), а во списанија во Македонија 15 трудови. Подолу се дадени неколку од најзначајните трудови, според сопствен избор, но и според цитираноста во SCI. Инаку, трудовите на проф. Стефов се цитирани во 141 труд во списанија опфатени во SCI. Освен тоа, тој бил и рецензент на 5 трудови во странски и 1 труд во домашно научно списание. Проф. Стефов учествувал и на повеќе науч­ни мани­фес­тации со 103 усни соопштени­ја и постерски презентации на резултатите од научноистражувач­ка­та работа. Од нив 71 труд се презентирани на меѓународни собири, а останатите во Македонија, кадешто бил поканет и како пленарен и како секциски предавач. Исто така, тој бил член на научен или Органи­за­ци­о­нен одбор на 3 научни конференции. Тој е коавтор и на 6 патенти, а активно учествувал во реализацијата на 29 научно­истра­жувачки проекти, од кои 8 меѓународни (во 3 како раководител) и 21 домашен (2 како рако­водител). Коавтор е на 1 универ­зи­тет­ски учебник (реиздаден), а бил ментор на 8 дипломски работи. Ментор е на еден кандидат за докторска дисертација и на еден кандидат за магистерска работа. Бил член во комисии за одбрана на магис­тер­ски и докторски дисертации. Бил раководител на Заводот за физичка хемија при Институтот за хемија, а членувал и во повеќе институтски и факултетски комисии. Во периодот од 2003 до 2005 г. раководел со Секторот за наука при Министерството за образование и наука, а од 2005 г. е прет­се­дател на Советот за научноистражувачка дејност при Министерството за образование и наука. Во изминатиот период, по покана, на многу собири во Европа и Јапонија ја презентирал состојбата и резултатите од науч­но­ис­тражувачката дејност во Македонија. Тој е национален координатор за програмата COST (Coo­pe­ra­tion in Science and Technology of Europe) и национален субкоординатор за JRC (European - Joint Research Centres).

Остварил повеќе престои на странски универзитети, и тоа во три наврати на Одделот за хемија и физика на King’s College, Лондон, Англија (во 1993, 1994, 1996 г.); на Ин­ститутот за неорганска хемија при Руската академија на науките, Москва, Руска Федерација (1999); на Хемискиот факултет, Софија, Бугарија (1997), на Институтот за неорганска хемија, Универзитет во Зиген, Герма­ни­ја (2000, 2002) и при JICA центарот, Токио, Јапонија (2005).

Позначајни објавени трудови на проф. Стефов се: S. Nyburg, B. Šoptrajanov, V. Stefov, V. M. Petruševski, Dicesium trans-tetraaquadichlorochromium(III) chloride: redeter­mi­nation of the crystal structure and infrared study of the water spectrum, Inorg. Chem.36, 2248-2251 (1997); Karamanceva, V. Stefov, B. Šoptrajanov, G. Danev, E. Spasova, J. Assa, FT-IR spectroscopy and microscopy of vacuum-evaporated polyimide thin films, Vib. Spectrosc.19, 369-374 (1999); V. Stefov, Lj. Pejov, B. Šoptrajanov, The influence of N-H..p hydrogen bon­ding on the anharmonisity of the n(N-H) mode and orientational dynamics of nearly continuously solvated indole, J. Mol. Struct., 555, 363-373 (2000); V. Stefov, B. Šoptrajanov, I. Kuzmanovski, H. D. Lutz, B. Engelen, Infrared and raman spec­tra of magne­si­um ammo­nium phosphate hexahydrate (struvite) and its iso­mor­phous analogues. III. Spectra of pro­ti­a­ted and partially deuterated magnesium ammonium phos­p­hate hexahydrate, J. Mol. Struct.752, 60-67 (2005); G. V. Yukhnevich, E. G. Tarakanova, V. Stefov, The effect of divalent cations on the vibrational properties of the water mole­cu­le in crystal hydrates, J. Optic. Technol.72, 423-425 (2005).