Pедовен професор (во пензија) д-р Катерина Чундева Retired professors Dr Катерина Чундева


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Катарина ЧУНДЕВА, вонред. професор (во пензија), е родена на 24 март 1948 во Скопје. Основното (1962 г.) и средното (1966 г.) образование ги завршила во Скопје. Во учеб­на­та 1966/67 г. се запишала на студии по хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ). Дипломи­рала во 1972 г. како најдобар студент во генераци­јата. Магистрирала на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1982 г. со одбрана на магистерската работа под наслов: „Определување на некои карбоксидитиокарбамати со сулфидни јон-селективни екектроди” под мен­торство на проф. д-р Методија Димески. Докторирала на Хемискиот факултет во Скоп­је во 1995 г. со одбрана на докторската дисертација под наслов: „Флотациона сепара­ција на траги од тешки метали од слатки води и нивно определување со атомска апсор­пциона спектро­мет­ри­ја” под ментор­ство на проф. д-р Трајче Стафилов. Во 1972 г. била избрана за асис­тент стапила на Институтот сточарство и ветери­нар­ство во Скопје, каде работела во лабораторијата за исхрана. Избрана е за помлад асистент на Хемискиот институт, а по магистрирањето за асистент. На Институтот за хемија изведувала настава по предметите оп­шта хемија I и II, за студии по физика, како и предметите општа хемија и неорганска хемија со основи на неорганска техно­ло­гија на двопредметните студии биологи­ја/хемија. На постдип­лом­ските студии на Институтот за хемија била ангажирана за изведување настава по ана­лиза на траги. Како асистент изведувала лабораториски и нумерички вежби од речиси сите практикуми на Заводот за ошта и неорганска хемија на Институтот за хемија. Предмет на истражувањата на проф. Чундева биле во насока на испитување можностите за примена на ор­гански супстанци во анали­тич­ката хемија. Со­едине­нијата на дитиокар­ба­мин­ски­те кисе­лини ги применува за определување на елементи со електро­хе­мис­ки (јонометрија со јон-селективни електро­ди) и спектроскопски методи (атомско апсорпциона спектро­ско­пи­ја и атомска емиси­она спектро­ско­пија со индуци­рана спрегната плазма). Нејзина посебна специјалност е рзвивањето на методи за разделување и концентрирање на траги од тешки метали од водни матрици непосредно пред спек­тро­метриските испитувања. Проф. Чундева објавила вкупно 52 печатени труда. Од овој број, 34 се печатен во списанија надвор од Маке­до­ни­ја (од нив 30 во списанија со импакт фактор), 6 во списанија печатени во Македонија, 4 трудови се објавени во зборници на трудови надвор од Македонија и 8 во зборници на трудови од македонски мани­фес­та­ции. Пре­зен­­тирала и 85 трудови на научни мани­фестации. Од ова, надвор од Македонија се пре­зен­ти­ра­ни 60 реферати, а во Македонија 25. Тру­довите на проф. Чундева се цитирани вкупно 314 пати. Била рецензент на 3 труда во странски списанија. Автор е на 4 учебни универзитетски помагала. Досега проф. Чундева учеству­ва­ла во изработката на 10 научно­ис­тра­жувачки проекти од кои 5 меѓународни (на 2 била раководител) и 5 домашни проекти (на 2 како раководител). Била ментор на 10 дипломци. Одлично ги владее англискиот и францускиот јазик, а се служи со стручната литература на речиси сите словенски јазици.

Проф. Чундева остварила кратки студиски престои во лабораториите на Вете­ринарниот факул­тет и Институт во Белград (1972), Uludag University, Faculty of Science, Department of Che­mistry, Bursa, Turkey (2000), Yildiz University, Faculty of Science, Department of Che­mistry, Истанбул, Turkey (2002), Хемискиот факултет во Софија (2005) итн.

Нејзини поз­на­чајни публикации се: K. Čundeva, T. Stafilov, Determination of total chromium in fresh water by atomic absor­p­tion spectrometry following flotation pre­con­cen­tration, FreseniusJAnalChem., 352, 354-356 (1995); K. Čundeva, T. Stafilov, Flame atomic absorp­tion spec­tro­met­ric determination of zinc after colloid precipitate flo­ta­tion with hydrated iron(III) oxide and iron(III) tetramethyle­nedithiocarbamate as collectors, Talanta44, 451-456 (1997); K. Čundeva, T. Stafilov, G. Pavlovska, Preconcentration and separa­tion of iron in water by coflotation using lead(II) hexa­methylenedithiocarbamate, SpectrochimActa B55, 1081-1087 (2000); K. Čundeva, T. Stafilov, G. Pavlovska, Flotation separa­tion of cobalt and copper from fresh waters and their deter­mination by electrothermal atomic absorption spectro­metry, MicrochemJ.62, 165-175 (2000); D. Zendelovska, K. Čundeva, T. Stafilov, Аpplicability of hidrated iron(III) oxide and dithiocarbamates as coloid collectors for flotation precocentration of manganese in traces before its etaas determination, MicrochimActa135, 55-61 (2000); V. Zajkova Paneva, K. Čundeva and T. Stafilov, Inductively coupled plasma - atomic emission spectrometry as a method for determination of trace metals in alkaline-earth matrices following flotation separation Spectrochim. Acta B60, 403-407 (2005).