Редовен професор д-р Љупчо Пејов prof. Dr Ljupcho Pejov


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Љупчо ПЕЈОВ, доцент, е роден на 28 јули 1972 г. во Скопје. Основното училиште го завршил во Скопје во 1986 г. Средно училиште го завршил во Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов” во Скопје, отсек за медицински лаборанти, во 1990 г. Во учебната 1991/92 г. се запишал на студии по хемија (насока ана­ли­тич­ко-структурна) на Институтот за хемија при ПМФ кои ги завршил во 1996 г. со про­се­чен успех 10. Бил избран за најдобар студент на Природно-матема­тич­ки­от факултет во периодот 1995/96 г., како и за најдобар студент на ПМФ во перио­дот од 1989 до 1999 г. Истата година е примен како стручен соработник на Институтот за хемија на ПМФ. На постдипломските студии на Институтот за хемија се запишал во учебната 1996/97 г. и ги завршил со просечен успех 10. Во 1999 г. е избран за помлад асис­тент на Институтот за хемија. Магистерската работа носи наслов “Вибра­ци­о­на анхар­мо­ничност и вибрационен Штарков ефект кај изоморфно изолирани тетраоксо анјони”. Вибрационо спектроскопски и квантно-механички испитувања” го одбранил на Институтот за хемија при ПМФ во 2000 г. Истата година е избран за асистент. Докторската дисертација под наслов “Ефекти на латентна симетрија и случајна дегенерација врз вибрационите модови од изоморфно изолирани тетраоксо анјони”, работена под менторство на проф. Петрушевски, ја одбранил на Институтот за хемија при ПМФ во 2002 г. Истата година е избран за доцент. Д-р Пејов држел нумерички вежби по предметите: структура на атоми и хемиска врска, структура на молекули, радиохемија, кристалохемија, одбрани поглавја од физичка хемија, физичка хемија 1 и 2, како и лабораториски вежби по предметите структура на молекули, физичка хемија за фармацевти, физичка хемија за биолози, физичка хемија за двопредметните студии по биологија-хемија, одбрани поглавја од електрохемија. Држел настава по предметите физичка хемија 1 и 2, како и примена на компјутери во биохемијата и молекулско моделирање. Се занимава со неколку области од хемиската физика: квантно-механичко аб инитио моделирање на неко­ва­лен­тно сврзани молекуларни кластери во парна фаза и криогени матрици, динамика на интрамолекуларни торзиони движења, молекулска спектроскопија на примеси во системи во цврста фаза, молекулска спектроскопија на асоцирани молекулски видови во течна фаза, проблемот на вибрациониот Штарк-ов ефект, латентната си­мет­ри­ја и фермиевската резонанца, тео­рис­ки и експериментални аспекти на водородното сврзување, Jahn-Teller-овски и псевдо-Jahn-Teller-овски сис­те­ми, теориски аспекти на домаќин-гостин инте­рак­циите кај клат­ра­ти, моделирање на течности со комбиниран молекуларно динамички - ab initio пристап, како и со примена на секвенционален Монте Карло - кван­тно­ме­ха­нич­ки пристап. Досега има објавено 65 научни трудови во спи­са­ни­ја опфатени со SCI, 7 трудови во списанија опфатени со CA, 3 трудови во други списанија надвор од земјата, како и 8 трудови во зборници на трудови од научни манифестации (5 во земјата и три надвор од неа). Има презентирано и 62 трудови на интернационални научни манифестации (од кои едно пленарно и едно секциско), како и 27 трудови на научни манифестации во земјата (од кои едно секциско). Избор од по­зна­чај­ни­те трудови на д-р Пејов е даден подолу: Lj. Pejov, K. Hermansson, On the nature of blueshifting hydrogen bonds: ab initio and density functional studies of several fluoroform complexes, J. Chem. Phys., 119, 313-324 (2003); Lj. Pejov, The O-H stretching vibrations in the hydrogen bonded (phenol)2+ radical cationic dimer. A gradient-corrected hybrid Hartree-Fock-density-functional study, Chem. Phys. Lett., 376, 11-19 (2003); Lj. Pejov, D. Spångberg, K. Hermansson, Using MD snapshots in ab initio and DFT calculations: oh vibrations in the first hydration shell around LI+(aq), J. Phys. Chem. A, 109, 5144-5152 (2005); Lj. Pejov, The O-H···p hydrogen bonded phenol-benzene(+) radical cationic dimer. A gradient-corrected density functional study, Chem. Phys. Lett. 358, 368-376 (2002); M. Solimannejad, Lj. Pejov, A computational investigation of the weakly bound dimers HOX…SO3 (X=F, Cl, Br), J. Phys. Chem. A, 109, 825-831 (2005). Трудовите на д-р Пејов се цитирани вкупно 371 пат. Тој бил рецензент на вкупно 17 научни трудови во интер­национални научни списанија (Journal of the Ame­ri­can Chemical Society, Journal of Physical Chemistry, International Journal of Quantum Chemistry, Journal of Molecular Structure, Spectrochimica Acta, Vibrational Spec­tros­copy, Internet Electronic Journal of Molecular Design, Journal of Chemical Education) како и на еден труд во домашно списание. Д-р Пејов бил секретар на Гласникот на хеми­ча­ри­те и технолозите на Македонија во периодот од 2001 до 2005 г., а во моментов е член на Уредувачкиот одбор на ова списание. Д-р Пејов бил рако­во­ди­тел на еден домашен и еден меѓународен научноистражувачки проект. Под негово менторство се изра­бо­те­ни 4 дипломски работи, а уште една е во завршна фаза. Во моментов под менторство на д-р Пејов работат еден магистрант и еден специјализант. Љупчо Пејов остварил кратки престои на Универзитетот во Упсала (Шведска), Институтот Руѓер Бошковиќ во Загреб (Хрватска), како и на Институтот Јожеф Стефан во Љубљана (Словенија). Тој бил раководител на Заводот за физичка хемија во периодот 2003-2005 г. Член е на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Го познава англискиот јазик. Освен на наградите за најдобар сту­дент на ПМФ, добитник е и на наградата Феникс за научните достиг­ну­ва­ња во 2003 г., како и на наградата за најдобар млад научен работник во Земјата за 2004 г. доделена од страна на фондот “Вита Поп-Јорданова” од МАНУ.