- Милка Мицевска Former Милка Мицевска


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Милка МИЦЕВСКА, виш предавач (во пензија), е родена во Велес во 1925 г. Со основното и средното образование се здобила во родниот град. Во учебната 1948/49 г. се запишала на студии по хемија на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипло­ми­ра­ла во 1954 г. на матичниот факултет. По ослободувањето и завршувањето на учител­скиот курс, учителствувала во Велес и во селата Влади­ловци, Баши­но Село и Ораовец (сите во Велешката околија). Во 1947/48 г. учителствувала и во с. Катунци (Пиринска Маке­донија), кадешто предавала македонски јазик и македонска историја. Во текот на студиите работела како демонстратор и лаборант на Катедрата за хемија при Фило­зоф­скиот факул­тет во Скопје. По дипломирањето, во 1954/55 г., е избрана за асис­тент на предметот општа и неорганска хемија. Во 1972 г. е избрана за предавач, а во 1974 г. и за виш предавач на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скоп­је. Како асистент водела вежби за студентите по хемија, физика и биологија. При изборот за наставник и е доверена наставата по предметот хемија за студентите биолози. Главен дел во нејзините истражувања биле испитувањата на разните видови тутуни, како и некои видови крокуси што се одгледуваат во Македонија. Од ова подрачје објавила определен број трудови и соопштенија. Покрај тоа, се занимавала и со ис­питување и изолација на алкалоиди од групата на опиум-алкалоидите. Од октомври 1984 г. е во пензија.