- м-р Вера Калајлиевска Former M.Sc. Вера Калајлиевска


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

М-р Вера КАЛАЈЛИЕВСКА, асистент, е родена на 9 февруари 1941 г. во Би­тола, кадешто го завршила основното и средното образование. На Природно-математичкиот факултет (група хемија) во Скопје се запишала во учебната 1959/60 г., а дипломирала во септември 1963 г. со просечен успех 9,6. Истата година се вработила во Тутунскиот комбинат во Прилеп на местото ра­ко­во­ди­тел на хемиската лабораторија. Во септември 1968 г. е избрана за асистент по пред­метот аналитичка хемија. Асистент била од 1.9.1968 до 31.8.1974 г. Во учебната 1972/73 г. се запишила на постдипломски студии за аналитичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Белград. Овие студии ги завршила во 1975 г., со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Potenciometarsko odredjivanje Pd u obliku PdI2 jodidnom jonoselektivnom elektrodom”. Во есента 1974 г. се вработила во Народната и универзи­тет­ска библиотека „Кли­­мент Охридски”, Скопје. Тука е избрана во највисокото биб­ли­о­текарско звање - библио­те­­карски советник. Од април 1996 до г. е директор на Народната и универзитет­ска биб­лио­те­ка „Кли­мент Охридски”. Има објавено 6 трудови од областа на хемијата и 28 трудови од областа на биб­лио­текарството. Учествувала како соработник во неколку научноистражувачки про­екти. Била член на советот на Системот за научни и технолошки информации на Југо­славија, а имала и други одговорни дол­жнос­ти. За постигнатите резултати во работата и струката е одликувана со Благодарница за посебен придонес во развитокот на библиотекарството и афирмација на активностите на библио­те­кар­ско­то друштво (1983) и со Орден за заслуги за народ со среб­ре­на ѕвезда (1990 г.). Била член на редакцијата на Гласникот на хеми­ча­ри­те и технолозите на Маке­до­ни­ја во периодот од 1988 до 1992 г. Превела и 3 книги од областа на библиоте­кар­ство­то. Калајлиевска била член на Претседателството на Сојузот на друштвата на библиотекарите на Македонија (СДБМ) а во периодот 1983-1984 г. била и претседател на СДБМ. Во два мандати (1982/1984 и 1984/1986 ) била член на Комисијата за општонаучни и универзитетски библиотеки на СДБРЈ, во периодот 1984/1986 била член на Претсе­да­тел­ство­то на СДБРЈ, а во текот на 1986/1988 г. Била потпредседател на СДБРЈ. Особено забе­ле­жливо е ангажирањето на Калајлиевска во подготовката и издавањето на гласилото на СДБМ, Библио­те­кар­­ска искра. Член е на редакцијата и на секретаријатот на редакцијата од 1978 до 1983 г., а претседател на Изда­вач­ки­от совет и главен и одговорен уредник во периодот 1996-1998 г. Нејзини позначајни објавени трудови од областа на хемијата се: Д. Тошев, Д. Коцева, М. Мицевска, В. Калај­ли­ев­ска, Некои микроелементи во тутунот тип „Јака”. Годишен зборник на ПМФ, Скопје, 21, 65-71 (1972); Д. Тошев, Д. Коцева, М. Мицевска, В. Калајлиевска, Некои микроелементи во тутунот тип „Џебел”. Годишен зборник на ПМФ, Скопје, 22, 87-93 (1972); А. Николовски, В. Калајлиевска. Модификација на метадата на Бертранд за определување шеќери во растителни продукти. Годишен зборник на ПМФ, Скопје, 22, 211-216 (1972); Potentiometric determination of Pd (II) as PdJ2 by jodidionseletive electrode. Conference on ion-selective electrodes, Budapest, 1977.