- Лилјана Камчева Former Лилјана Камчева


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Лилјана КАМЧЕВА, асистент (во пензија), е родена на 18 мај 1941 г. во Ресен. Основно об­ра­зо­ва­ние завршила во родното место, а гимназија во Битола. Во 1965 г. дипло­мирала на Природно-матема­тич­ки­от факул­тет во Скопје - група хемија. Во 1967 г. се вработила како асистент при Хемискиот инсти­тут на Природно-ма­те­матичкиот факултет. Учествувала во изведувањето на лабо­ра­то­риските вежби по повеќе предмети за студентите по хемија и медицина. Во рамките на научноистражу­вач­ката деј­ност на Институтот, била вклучена во неколку проекти. Објавила два научни труда од об­ласта на органската хемија. Во учебната 1974/75 г. преминала на работа во Гимназијата „Орце Николов” ка­дешто ра­бо­тела како професор по хемија, а изведувала и настава по физика. Во 1985/86 г. минала на работа во Медицинскиот училиштен центар „Д-р Панче Караѓозов” кадешто предавала ор­ган­ска хемија. Изведувала и дополнителна настава по хемија како под­гот­овка за квалифи­ка­ци­оните испити на Универзитетот и учествувала во комисиите за составување на тестовите по хемија за квалификационите испити на Медицинскиот, Фармацевтскиот и Стоматолошкиот факултет. Од 1988 г. е уредник по хемија во ОП за издавање учебници и наставни сред­­ства „Просветно дело”. Била соработник на Ре­публичкиот завод за унапредување на образованието и вос­питанието и, пред своето вработување во „Прос­ветно дело”, соработник на оваа ра­ботна ор­ганизација (како рецензент и член на Уредувачкиот одбор по хемија).