- м-р Катерина Ристеска Former M.Sc. Катерина Ристеска


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

М-р Катерина РИСТЕСКА, асистент (во пензија), е родена на 13 ноември 1933 г. во Струмица. Средно образование завршила во Гимназијата „Јане Сандански” во родното место. Во 1953 г. се запишала на студии на Филозофскиот факултет, група за хемија. Дипло­мирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 г. Магистрирала во 1987 г., на матичната институција, бранејќи го трудот „Прилог кон про­у­чу­вањето на реак­цијата на титан(IV) хлорид и супституирани тиобензанилиди”, под менторство на проф. д-р Димче Тошев. По дипломирањето, од 1958 до 1961 г., работела како про­фе­сор во Гимназијата „Јане Сандански”. Од 1961 до 1963 г. била директор на оваа гим­назија, а во периодот 1963-1967 г. била платен пратеник на Собранието на СРМ. Од 1968 г. била асистент  на Заводот за неорганска хемија на Институтот за хемија. Изведувала лабораториски вежби по основи на неорганската хемија (за студентите хеми­чари и фарма­цевти), општа хемија (за студентите шумари и физичари и за студентите на интердис­циплинарните студии за заштита при работа) и медицинска хемија (за студентите медицинари и фармацевти). Нејзината научна работа е од областа на органската хемија. Работела на синтеза и испитување на реакциите на амиди и тиоамиди. Објавила 8 трудови во списанија печатени во Македонија, а десет трудови презентирала во вид на соопштенија (еден на интерна­ционален собир, пет на југословенски и 4 на национални собири во Македонија). Учест­вувала во работата на три научноистражувачки проекти. Се пензионирала во октомври 1998 г.