Pедовен професор (во пензија) м-р Ристо Стојанов Retired professors M.Sc. Ристо Стојанов


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

М-р Ристо СТОЈАНОВ, асистент (во пензија), е роден на 22 јуни 1944 г. во Кавадарци. Основното образо­вание го завршил во родното место. Средно хемиско училиште завршил во Титов Велес. Во 1966 г., стапил на работа во Фабриката за стак­­ло и стаклена волна во Скопје. Во 1968 г. преминал на работа на Технолошко-ме­та­лур­шкиот факултет во Скопје како лаборант по предметот физичка хемија. Во овој период се запишал на студии по хемија на Природно-математичкиот факултет, како вонреден студент. Во 1978 г. дипломирал на Хемискиот факултет во Скопје и се стекнал со звањето дипломиран инженер по хемија. Од 1980 г. е на работа на Хемискиот факул­тет како стручен соработник за елементар­на анализа. Бил на куси престои во неколку универзитетски центри во СФР Југославија, каде што се усовршувал за работа на новото работно место. Во учебната 1991/92 г. се запишал на постдипломски - специјалистички студии. Овие студии ги завршил во 1994 г. со одбраната на специјалистичката работа под наслов: „Квантитативна елементарна анализа на ор­ган­ски супстанции” и се здобил со звањето специјалист по хемиски на­уки. Во учебната 1995/96 г. се запи­шал на постдипломски - магистерски студии. Во 1999 г. го одбранил магистерскиот труд со наслов: „Физичко-хемиски испитувања и конзервација на археолошки експонати”. Во 2001 год е избран за асистент за органска микроанализа во Заводот за органска хемија и биохемија на Институтот за хемија при ПМФ-Скопје а во 2004 год повторно е избран во истото звање. Покрај редовните обврски (вршење елементарни микроанализи), доверено му е изве­дување вежби по практикумите по органска хемија (за студентите од Институтот за хемија, за студентите фармацевти и за студентите на двопредметните студии по биоло­гија-хемија). М-р Ристо Стојанов, користејки го големото искуство, ја проширува областа на својот интерес и се занимава со археохемија. Учесник е во реализацијата на еден научноистражувачки проект. Од 2009 година е во пензија