- м-р Блага Стојчева Радовановиќ Former M.Sc. Blaga Stojcheva-Radovanovi


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Блага СТОЈЧЕВА РАДОВАНОВИЌ, асистент, е родена на 20 октом­ври 1950 г. во Битола, кадешто завршува оснвно и средно образование. Во учебната 1968/69 г. се запишала  на Природно-математичкиот факултет, на насоката за при­ме­не­та хемија во Скопје. Дипломирала во 1974 г. и стекнала назив дипломи­ра­н инженер по хемија. Во учебната 1974/75 г. се запишала на постдипломски студии на групата за органска хемија на истиот факултет и магистрирала во 1982 г. по одбраната на магистерската теза под наслов „Проу­чу­ва­ње на Mannich-овата реакција и синтеза на некои N-Mannich-ови бази”. Докторската дисертација под наслов „Електрон спин резо­нан­­тно проучување на 5-нитрофуран деривати” ја одбранила 1985 г. на Технолош­ки­от факултет во Нови Сад. Во 1975 г. избрана е за помлад асис­тент на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а во 1983 г. за асистент по предметот органска хемија. Во 1987 г. е избра­на за доцент по предметот меха­низ­ми на органските реакции, а во 1988 г. и по предметот органска инструмен­тал­на анализа на сту­дис­­ката група за хемија на тогашниот Филозофски факултет (а сега Природно-математички фа­кул­тет) во Ниш (Србија). За вонреден професор е избрана во 1992 г., а за редовен професор во 1998 г. на истиот факултет, каде што и сега работи. Изведува консултативна настава и на пост­дип­лом­ските и на док­тор­ски­те студии. Во 2003 г. е избрана за професор на Вишата техничка технолоска школа во Врање за предметите технологија на рас­ти­тел­ни производи и технологија на анимални производи. Од 2004 г. држи настава по хемија на Учителскиот факултет во Врање. Од 1990 до 1992 г. др Блага Стојчева Радовано­виќ била уред­ник на Збор­ни­кот на трудовите по хемија на Филозофскиот факултет во Ниш. Повеке пати била рецен­зент на трудови за ова списание, како и за меѓу­­­­на­род­ното списание Rubber Chemistry and Tech­nology. Член е на след­ни­ве друштва: European Che­­mical Society, Сојузот на хеми­ча­ри­те и техно­ло­зите на Македонија, Српско­то хемијско друштво, Друштвото на физи­ко­хе­мичарите во Србија. Д-р Стој­че­ва Радовановиќ автор е на еден учебеник (Органска хемија - Механизми на органски реак­ции), а е коавтор и на учеб­никот Инстру­мен­тал­ни методи на струкурна анализа. Д-р Стој­че­ва Ра­до­ва­новиќ била и е мен­тор на повеќе од 100 дипломски работи, 9 магистерски тези и 4 док­тор­ски ди­сертации, а била член во поголем број коми­сии за одбрана на дипломски работи, магистерски те­зи и докторски дисертации на различни фа­кул­те­ти во Ниш, Нови Сад и Лесковац. Научната прео­ку­па­ција и е од областа на органската хе­ми­ја (син­те­за и карактеризација на органски соединенија со потенцијална физиолошка активност и некои нивни комплекси) и применета органска хемија (орган­ски полимери, карак­те­ри­зација, стабилност, рециклажа, како и следење на органски загаду­ва­чи во вода, храна и цигари). Се служи со фран­цус­ки­от, англискиот и рускиот јазик. Д-р Блага Стој­че­ва Радо­вановиќ учес­твувала со 178 научна трудови на научни собири, од кои 97 се презентирани на меѓународни конгреси. До сега има објавено 59 тру­дови, од кои 34 се печатени во меѓународни списанија (28 во списанија со impact factor).

Дел од нејзини позначајни трудови се: B. Stojčeva Ra­do­va­nović, Preparation and thermal behavior of some poly­con­den­sates, European Polymer Journal 27, 807-809 (1991); B. Stojčeva Radovanović, Formation and thermal decom­po­si­tion studies of thermostable aminoplastics,Thermochimica Acta, 186, 171-177 (1991); B. Stojčeva Rado­va­no­vić, P. Premović, Thermal behaviour of Cu(II)-urea com­plex, Journal of Ther­mal Analysis, 38, 715-719 (1992); B. Stoj­če­va Radovanović, S.Anđelković, Synthesis and Spec­tral Characterization of N-[5-nitro-2-furfurylidene]-N2-[b-isatin]-azine and it¢s Zn(II), Cu(II) and Ni(II) complexes, Spec­troscopy Letters 31, 63-70 (1998); D. Radanović, V. Ris­ta­no­vić, B.  Stoj­če­va Radovanović, A. Todorovska, N. Sagami, A. Lino, S. Kaizaki, Preparation and spectral assignments of hexadentate chromium (III) complxes containing unsym­met­ri­c­al edta-type ligands. Trans-(O5) geometrical isomer of so­dium (ethylenediamine-N,N,N’-3-pro­pi­o­na­to)chromate (III) trihydrate, trans-(O5)-Na[Cr(ed3ap)]×3H2O and sodium (ethy­le­­nediamine-N-diacetato-N’-di-3-pro­pio­na­to)chroma­te(III)tri­hyd­rate, Na[Cr(meddadp)]×3H2O, Transition  Metal Chemistry,24, 403-408 (1999); G. Mar­ko­vić, B. Radovanović,  M. Marinovic-Cin­­covic, M. Illavsky, H. Valentova, J. Budinski–Simen­dic, Curing characterisctics and Dynamic mechanical be­ha­viour of reinforced acrylonitrile-buta­diene/chlo­ro­sul­pho­na­ted polyethylene rubber blends, Materials Science Forum494, 475-480 (2005).