Надворешен соработник д-р Олгица Тренчевска External Member Dr Olgica Trenchevska


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации по договор

Олгица ТРЕНЧЕВСКА, насловен доцент, е родена на 18 октомври 1982  г. во Скопје. Основното (1997) и средното (2001) образоавние ги завршила во Скопје. Во учебната 2001/2002 г. се запишала на студиите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката за аналитичка биохемија. Студиите ги завршила во 2006 г. Во учебната 2006/2007 г. се запишала на постдипломските студии на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Во 2006 г. е избрана за помлад асистент на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Како демонстратор, и како помлад асистент ги држи вежбите по предметите: биохемија I и II за студиите по хемија од насоката аналитичка биохемија и биохемија и теоретска органска хемија за студентите од другите насоки на студиите по хемија. Во 2007 и 2008 година преку CEEPUS – програмата остварив студиски престој на Факултетот за хемија на Карловиот Универзитет во Прага, Чешка, каде работев на современи техники за испитување на биомолекули (lab-on-a-chip електрофореза, капиларна електрофореза и HPLC). По завршувањето на престојот ги продолжила испитите од постдипломските студии. На 10.07.2009 година ја одбранила магистерската работа со наслов „Примена на микрочип електрофореза и масена спектрометрија за испитување на протеини во серум и ликвор“, работена под менторство на Проф.Д-р Киро Стојаноски. Во 2009 година ја пријавила докторската дисертација и по завршување на семестарот, во јануари 2010 година заминува на престој во Tempe, AZ, каде работи во истражувачката лабораторија на Intrinsic Bioprobes Inc., под менторство на Проф. Д-р Добрин Неделков. Во рамките на престојот од 14 месеци активно учествува во работа на проект од областа на биохемијата, и го работи експерименталниот дел од работата за докторската дисертација.На 07.12.2011 година на Институтот за хемија при ПМФ-Скопје, ја одбрани Докторската дисертација со наслов „Испитување на протеински биомаркери во биолошки флуиди со имунохемиски и масено спектрометриски методи“, работена под менторство на Проф.Д-р Киро Стојаноски и Проф.Д-р Добрин Неделков и се стекнува со научен назив Доктор на хемиски науки.

Досега има учествувано на повеќе конгреси од областа на хемијата и медицинската биохемија, каде има презентирано резултати од научните истражувања и постери, а има објавено и научни трудови од областа на протеомиката, во меѓународни релевантни списанија. Има учествувано и во преводот на учебникот по Биохемија наменет за студентите на ПМФ, како и во подготовка на лабораториски практикуми за вежби за предмети од областа на биохемијата. Како активен млад истражувач, член е на повеќе здруженија во Р.Македонија и странство, меѓу кои Здружението на Медицински биохемичари на Македонија и на Здружението на Биохемичари на Македонија. Активна била и во Организациониот одбор на студентските конгреси по чиста и применета хемија на студентите од Македонија (со меѓународно учество), во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија. Од останатите активности, член е на рецензентскиот одбор на неколку меѓународни списанија.

Од 01.04.2012 година, остварува престој како пост-докторант во лабораторијата за Молекуларни биомаркери, на Институтот за Биодизајн на Arizona State University (Tempe, AZ, USA), каде работи под надзор на Проф.Д-р Randall Nelson. Предмет на истражувачката работа и е развој на нови методи (со употреба на хроматографија, имунохемија и масена спектрометрија) за испитување на потенцијални биомаркери за кардиоваскуларни болести и тип II дијабетес.

Поглавје во книга ADVANCED TOPICS IN NEUROLOGICAL DISORDERS, Edited by Ken-Shiung Chen, ISBN 978-953-51-0303-5, InTech, 2012. DOI: 10.5772/1254

05.2007 - 08.2007 - CEEPUS II: Mobility grant at the Department of Physical and Macromolecular Chemistry, Faculty of Chemistry, Charles University, Prague, Czech Republic.

06.2008 - 07.2008 - CEEPUS II: Mobility grant at the Department of Physical and Macromolecular Chemistry, Faculty of Chemistry, Charles University, Prague, Czech Republic.

01.2010 - 02.2011 - Research Scholar, Intrinsic Bioprobes Inc, Tempe, AZ, USA

04.2012 - current - Postdoctoral research associate, Molecular Biomarkers, The Biodesign Institute, Arizona State University, Tempe, AZ, USA,

Објавени трудови

1. Olgica Trenchevska, David A. Phillips, Randall W. Nelson, Dobrin Nedelkov, Concentration Ranges and Longitudinal Changes of Human Protein Variants in the General Population, (working title - accepted for publication), PLOS One 2014.
2. Paul E. Oran, Olgica Trenchevska, Dobrin Nedelkov, Chad R. Borges, Matthew R. Schaab, Douglas S. Rehder, Jason W. Jarvis, Nisha D. Sherma, Luhui Shen, Bryan Krastins, Mary F. Lopez, Dawn C. Schwenke, Peter D. Reaven, Randall W. Nelson, Parallel Workflow for High-Throughput (>1,000 Samples/Day) Quantitative Analysis of Human Insulin-Like Growth Factor 1 Using Mass Spectrometric Immunoassay, PLOS One, 9(3):e92801, 2014.
3. Olgica Trenchevska, Elena Kamcheva, Dobrin Nedelkov, Mass spectrometric immunoassay for quantitative determination of transthyretin and its variants, Proteomics, 11, 2011.
4. Urban A. Kiernan, David A. Phillips, Olgica Trenchevska, Dobrin Nedelkov, Quantitative mass spectrometry evaluation of human retinol binding protein 4 and related variants, PLOS one, 6(3):e1782, 2011.
5. Olgica Trenchevska, Dobrin Nedelkov, Targeted quantitative mass spectrometric immunoassay for human protein variants, Prot.Science, 9(1):19, 2011.
6. Olgica Trenchevska, Elena Kamcheva, Dobrin Nedelkov, Mass spectrometric immunoassay for quantitative determination of protein biomarker isoforms, J.Proteome Res., 9(11), pp 5969-5973, 2010.
7. Olgica Trenčevska, Vasko Aleksovski, Kiro Stojanoski, Temperature and denaturing substances influence on lab-on-a-chip electrophoresis, JMB, 28: 1 – 5, 2009.
8. Olgica Trenčevska, Vasko Aleksovski, Kiro Stojanoski, Advanced techniques in clinical practice: use of lab-on-a-chip electrophoresis and other methods in protein profiling, JMB, 28 (4): 1-5, 2009.
9. Dobrin Nedelkov, Shainag Shaik, Olgica Trenčevska, Vasko Aleksovski, Angel Mitrevski, Kiro Stojanoski, Targeted Mass Spectrometric Immunoassay for Detection of Cystatin C Isoforms in Cerebrospinal Fluid, The Open Proteomics Journal, 1, 54-58, 2008.

Конференции:

1. Olgica Trenchevska, Matthew R. Schaab, Chad R. Borges, Dobrin Nedelkov, Randall W. Nelson, Multiplexed Mass Spectrometry Immunoassay for Quantitative Determination of Apolipoprotein C-I, C-II and C-III and Their Isoforms, MSACL 2014, San Diego, CA.
2. Olgica Trenchevska, Matthew R. Schaab, Chad R. Borges, and Randall W. Nelson, Protein Multiplexed Assays – A Way of Obtaining More Information in a Single Analysis, 27th Annual Symposium of The Protein Society, Boston, MA, 2013.
3. Olgica Trenchevska, Matthew R. Schaab , Nisha D. Sherma, Chad R. Borges, Randall W. Nelson, An insight into the application of mass spectrometric immunoassay in quantitative protein profiling, I INTERNATIONAL SYMPOSIUM ON PROFILING (ISPROF), Caparica - Almada, Portugal, 2013.

4. Olgica Trenchevska, Aleksandra Pupinoska, Elena Kamcheva, David A. Phillips, Slobodanka Romevska, Urban A. Kiernan, Dobrin Nedelkov, Mass Spectrometric immunoassay for Quantitative Determination of Protein Biomarker Isoforms, MSACL 2011, San Diego, CA.

5. O.Trenchevska, E.Kamcheva, D.Phillips, U.Kiernan and D.Nedelkov, Quantitative determination of protein biomarker isoforms using mass spectrometry immunoassay, IFCC-Worldlab-Euromedlab, Berlin, Germany, 2011.
6. Olgica Trenchevska, Vasko Aleksovski, Angel Mitrevski, Kiro Srojanoski, Advanced techniques in clinical practice: use of lab-on-a-chip electrophoresis and other methods in protein profiling, 5th IFCC Symposium for Balkan Region “Proteins: From Electrophoresis to Proteomics”, Belgrade, Serbia, 2009.
7. Olgica Trenchevska, Vasko Aleksovski, Angel Mitrevski, Kiro Stojanoski, Protein profiling in patients with neurological diseases using an optimized lab-on-a-chip electrophoresis method, IUBMB Advanced Course “Mechanisms and Consequences of Free Radical-Mediated Oxidative Protein Modifications, Kemer, Turkey, 2009.
8. O.Trenčevska, V.Aleksovski, K.Stojanoski, T.Gruev, Protein profiling – comparison between conventional and advanced techniques in analyzing proteins in biological fluids, EUROMEDLAB, Insbruck, Austria, 2009.