Доцент д-р Миха Буклески Assistant Professor Dr Miha Bukleski


Кабинет 306 Локал 930 Дир. телефон +389 2 3249930 Email [protected email] Консултации по претходен договор на e-mail

д-р Миха Буклески, доцент, роден е во Скопје, Р. Македонија. Основно и средно училиште завршил во родниот град. Почнувајќи од седмо одделение, кога започнува да се изведува настава по хемија, па сè до завршувањето на средното образование, ги посетуваа натпреварите по хемија организирани на градско и државно ниво, секогаш освојувајќи некое од првите две места.

По завршување на средното образование во 2004 година се запишува на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот за хемија на насоката применета хемија (аналитичко структурна). По првата година од студиите награден е за постигнати извонредни резултати во студирањето, од фондацијата „Проф. д-р Димче Тошев“. Во текот на втората година од студиите, под рако­водство на проф. д-р Владимир Петрушевски, учествува на „VI конгрес по чиста и применета хемија на студентите од Македонија“, од кога е вклучен во научноистражувачка работа. Во текот на летниот семестар 2008 година ги положил и последните предвидени испити со просечен успех од 10,00, а под раководство на менторот проф. д-р Владимир Ивановски ја работи дипломската работа под наслов: „Огледална инфрацрвена рефлексиона спектроскопија на поликристални пресувани примероци – дисперзиона анализа“. По завршувањето на студиите, со одлука на деканската управа на Природно-математичкиот факултет прогласен е за најдобро дипломиран студент на Природно-математичкиот факултет во Скопје, за учебната 2007/2008 година.Во 2009 година се запишува на магистерски студии на Институтот за хемија, под менторство на проф. д-р Владимир Ивановски. Магистерската работа под „Испитување и определување на оптички, диелектрични и вибрациони параметри кај кристали со помош на инфрацрвена рефлексиона спектроскопија и дисперзиона анализа“, ја одбранува во 2011 година. Истата година се запишува на докторски студии под раководство на истиот ментор (проф. д-р Владимир Ивановски).

Од 2012 години е примен како помлад асистент, a во 2014 е избран за асистент на Институтот за хемија. По одбраната на докторската дисертација, во мај 2015 е избран за доцент.

Почнувајќи од 2007 година ангажиран е како демонстратор во рамките на предметот „Методи на хемиско експериментирање“, а има изведувано лабораториски и нумерички вежби по предметите: Општа и неорганска хемија, Аналитичка хемија I и II, како и по предметите на Заводот за физичка хемија: Физичка хрмија I и II, Структура на атоми и молекули, Кристало­хемија и Електрохемија за студентите од Институтот за хемија, како и Физичка хемија за студентите од Институтот за биологија.

 

Има остварено четири едномесечни престои и еден тримесечен престој на Универзитетот во Лајпциг, Германија, на Институтот за хемија и менералогија во текот од 2011до 2015 година во рамките на проектот DAAD и Alexander von Humboldt. 

 

 Печатени статии

  1. M. Bukleski, V. Ivanovski, E. Hey-Hawkins, A direct method of quantification of maximal chemisorption APS groups on silica gel using DRIFT, Spectrochim. Acta A, 149 (2015) 69-74. 
  2. M. Bukleski, V. Ivanovski, Indirect quantitative IR assessment of maximal monomolecular deposition of 3-aminopropyltrimethoxysilane on silica gel surface, Maced. J. Chem. Chem. Eng. 33 (2014) 267-275.
  3. V. Ivanovski, M. Bukleski, M. Madalska, E. Hey-Hawkins, Vibrational spectra of a ferrocenyl phosphinederivative chemisorbed on 3-aminopropylsilil modified silica gel, Vib. Spectrosc. 69 (2013) 57-64.
  4. V. M. Petruševski, M. Bukleski, М. Stojanovska, On the Catalyzed Disproportionation of SO2 in Aqueous Solution of KI: A Marathon Classroom Demonstration, J. Lab. Chem. Educ.1 (2013) 1–4.
  5. A. Aleksovska, M. Bukleski, I. Mavromihailov, N. Mitreska, V.M. Petruševski, M. Radevska, M. Stojanovska, J. Tanatarec, An Evening with Magic: Eight Colorless Liquids, Chem. Educator.17 (2012) 203–205.
  6. M. Bukleski, V. Ivanovski, V. M. Petruševski, IR specular reflectance spectra of KHSO4 single crystal – Dispersion analysis, Vib. Spectrosc57 (2011) 15–22.
  7. V. M. Petruševski, M. Bukleski, М. Stojanovska, Peter Hodder, Reaction of aluminium with diluted nitric acid containing dissolved sodium chloride: on the nature of the gaseous products, ChemEd NZ 211 (2011) 7–9.
  8. V. M. Petruševski, M. Bukleski, М. Stojanovska, Reaction of aluminium with diluted nitric acid containing dissolved sodium chloride: on the nature of the gaseous products, Khimiya/Chemistry 19 (2010) 233–238.
  9. M. Bukleski, V. M. Petruševski, Preparation and Properties of a Spectacular Thermochromic Solid, J. Chem. Educ. 86 (2009) 30.
  10. V. M. Petruševski, M. Bukleski, M. Stojanovska, The Economic Demonstrator: Prepare it Once, Use it Many Times. III. Phenomena of Discontinuous Thermochromism, Khimiya/Chemistry 17 (2008) 109–117.
  11. V. M. Petruševski, M. Bukleski, M. Stojanovska, The Economic Demonstrator: Prepare it Once, Use it Many Times. II. Continuous Thermochromism in Aqueous Solutions of Transition Metal Chlorides, Khimiya/Chemistry16 (2007) 20–28.
  12. V. M. Petruševski, M. Bukleski, The “Magical” Sphere: Uncovering the Secret, The Science Education Review5 (2006) 114–118.
  13. M. Monković, V. M. Petruševski, M. Bukleski, The economic demonstrator: prepare it once, use it many times. I. Continuous thermochromism in the NO2-N2O4 system – equilibrium shifts induced by temperature changes. Khimiy/Chemistry 15 (2006) 256–264.

 

Конгреси и работилници

  1. Workshop "From molecules to Functionalized materials", Modul: Polymers, Ohrid, Macedonia, 2014
  2. Workshop "From molecules to Functionalized materials", Modul: Cluj-Napoca, Romania, 2013
  3. Workshop "From molecules to Functionalized materials", Modul: Cluj-Napoca, Romani, 2009

Награди и признанија

  • Награда за најдобро дипломиран студент во 2008 година на Институтот за хемија и Природно-математичкиот факултет со просечен успех 10,00 доделена од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, 2009, Скопје. 
  • Награда за постигнати извонредни резултати во текот на првата година од студиите на Институтот за хемија од фондацијата „Д-р Димче Тошев“, 2005, Скопје.
  • Второ место на „Вториот државен натперевар за учениците од средните училишта во Р. Македонија“, организиран од ПСУ „Јахја Ќемал“, 2004, Скопје.
  • Второ место на „Првиот државен натперевар за учениците од средните училишта во Р. Македонија“, организиран од ПСУ „Јахја Ќемал“, 2003, Скопје.
  • Прво место на „Државен натпревар на млади техничари и природници“ во организација на „Народна техника на Македонија“, 2000, Берово.

Учесник во три билатерални проекти:

  1. ПРОТОНСКА ДИНАМИКА КАЈ КРАТКИТЕ ВОДОРОДНИ ВРСКИ НА α-РОХ И СРОДНИ СИСТЕМИ СО ИНФРАЦРВЕНА ДИСПЕРЗИОНА АНАЛИЗА (2006/07 година, билатерален македонско-словенечки проект, учесник).
  2. ПРОТОНСКА ДИНАМИКА КАЈ ОПТИЧКИ АНИЗОТРОПНИ КРИСТАЛИ – ИНФРАЦРВЕНА ДИСПЕРЗИОНА АНАЛИЗА И ТЕОРИСКИ ИСПИТУВАЊА (2010/11 година, билатерален македонско-словенечки проект, учесник).
  3. CHARACTERIZATION AND PROPERTIES OF CHEMISORBED FERROCENE DERIVATIVES ON DIFFERENT SOLID ADSORBENTS FOR THEIR APPLICATION IN HETEROGENEOUS CATALYSIS BY EMPLOYING VIBRATIONAL SPECTROSCOPY METHODS AND TECHNIQUES (2011/14 година, проект финансиран од Фондацијата „Александар фон Хумболт“, учесник).