- д-р Анета Мирчева Former Dr Aneta Mircheva


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Анета МИРЧЕВА, асистент (во пензија), е родена на 15 јуни 1946 г. во Ве­ли­ко Тр­но­во, Бугарија. Основно и средно училиште завршила во Скопје (1965 г.). Во 1970 г. дипло­мирала на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет на Уни­вер­зи­тетот во Скопје. Магистрирала на Универзитетот во Скопје во 1979 г. Магис­тер­ски­от труд под наслов “Примена на јон-селективна електрода при по­тенцио­мет­риското определување на содржината на бор во минералните води од Ма­кедо­нија” го работела под менторство на проф. д-р Димче Тошев. Во 1985 г. докто­ри­­рала на Универзитетот во Љуб­ља­на. Докторската дисертација „Strukturna raziskovanja v sis­temu dihalogenidov ne­ka­terih ko­vin kinolin in v sistemu hidroksilamonium sulfat - skandium sulfat“ ја работе­ла под менторство на проф. д-р Љубо Го­лич. Во 1972 г. минала шест месеци на усо­в­р­шување во Универзитетот во Брадфорд (Велика Британија), а имала и шест­седмичен студиски престој на Универ­зи­тетот во Упсала, Шведска (во 1986 г.). Во периодот од 1971 до 1987 г. работела како асистент на предметот аналитичка хе­ми­ја на Природно-матема­тич­­киот факултет во Скопје. Од 1987 г. работи како самостоен истражувач при Националниот институт за хемија во Љубљана, Словенија. Нејзината научноис­тра­жу­вачка работа е на подрачјето на структурната и аналитичката хемија и посебно на изучувањето на полимерите. Досега објавила повеќе од дваесет трудови во домашни и во еминентни странски спи­са­нија. Со сооп­штенија учествувала на 30 научни собири (конгреси, конференции, советувања), во земјата и во странство. Во Скопје била учесник во неколку научно­истра­жу­вач­ки про­екти, а во Љубљана работела на девет про­екти што ги финансирало Министерството за на­ука на Ре­пуб­ли­ка Словенија, како и на единаесет програми за индус­тријата. Во пензија е од 2001 г. 

Нејзини поз­на­чај­ни трудови се: A. Mirčeva, Lj. Golič, Structure of cobalt di­iso­thiocyanate, Acta CrystalographicaC45, 1141-1144 (1989); A. Mirčeva, M. Janežič,  M. Žigon, T. Malvašič, Cha­rac­terization of blocked isocyanates, Journal of Molecular Structure267, 129-134 (1992); A. Mirčeva,  M. Žigon, T. Mal­va­šič, Characterization and application of cross­lin­kers for polyuretane aqueous systems: isopropylidene malonate-blocked isocyanates, Journal of Applied Polimer Science54, 2075-2081 (1994); A. Mirčeva, Lj. Golič, Hydroxylammonium scandium sulfate sesquihydrate, Sc(NH3OHSO4)21.5H2O, Acta CrystalographicaC51, 175-177 (1995); A. Mirčeva, Lj. Golič, Hydroxylammonium sulfate, Acta CrystalographicaC51, 798-800 (1995).