- Мирко Коруновски Former Мирко Коруновски


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Мирко КОРУНОВСКИ, асистент, е роден на 4 јуни 1939 г. во Вевчани, Струшко. Завршил учи­тел­ска школа во Битола и две години работел како учител во родното село. Во 1964 г. дипломирал на Природно-математичкиот факултет, а потоа три години работел во фа­бри­ката за емајлирани садови во Струга. Во почетокот на 1969 г. бил избран за асис­тент на Хе­мис­­киот институт каде што работел до 1976 г. Изведувал вежби по неорганска, општа, како и квалитативна и квантитативна анали­тичка хемија. Учествувал во изработката на три научноистражувачки проекти. Објавил два труда во реномирани меѓународни списанија од областа на хемијата и повеќе статии во домаш­ни спи­санија. Од неговите поважни работи кои, за жал, останаа необјавени, посебно мес­то за­зе­ма еден учебник по хемија за VII одделение. По напуштањето на Природно-мате­ма­тич­киот факул­тет, работел во Средношколскиот училиштен центар за образувание на кадри на УВР, Скопје, а потоа на Педагошката ака­демија и во Републичкиот завод за унапредување на образованието и вос­пи­та­нието. На 18 јули 1987 г., заедно со својата сопруга, загина во сообраќајна несреќа. Мирко Кору­нов­ски беше омилен учител, извонреден асистент и роден педагог којшто пленеше со својата еднос­тав­ност и скром­ност. Соработниците секогаш ќе се сеќаваат на неговата инвентивност, сериозниот пристап кон работата, непосредниот и коректен од­нос кон си­те колеги и студенти, но и на веселата природа и спремноста за шега.