Надворешен соработник д-р Рубин Гулабоски External Member Dr Rubin Gulaboski


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Рубин ГУЛАБОСКИ, насловен доцент, е роден на 29 ноември 1972 г. во Прилеп, Македонија. Основното и средното образование ги завршил во родниот град. Дипломирал на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1997 г. Во 1998 г. се запишал на постдипломските студии по хемија на ПМФ Скопје. Магистрирал во 2001 г., со одбрана на магистерската работа “Теоретска и експе­ри­мен­тал­на студија на редокс процеси комбинирани со атсорпциски феномени во услови на квадратно-бранова волтамметрија” под менторство на проф. Корнелија Стојанова. Докторирал во 2004 г. на Факултетот за аналитичка хемија и биохемија на Универзитетот во ГреифсњалдГерманија, со одбрана на докторската теза “The determination of the Standard Gibbs energies of ion transfer across liquid-liquid interfaces with help of three-phase electrodes”под менторство на проф. Fritz Scholz. Во април 2006 г. е избран за насловен доцент на Институтот за хемија при ПМФ Скопје. Главно подрачје на научен интерес на Рубин Гулабоски е електро­хе­ми­ја­та, при што тој дава значаен удел во развојот на теоријата на волтамметриските техники и моделирањето на разни електродни механизми, како и при проучувањето на феномените на пренос на јони низ течна меѓугранична фаза, како модел за јонските реакции низ мембраните на клетките. Освен тоа, работи и во полето на молекуларно-динамички симулации и на студирањето на интеракциите помеѓу биолошки активни супстанци со волтамметриски и импендансни методи. Тој е еден од пионерите во развитокот на методот на трифазни елек­троди за студирање на трансферот на јони помеѓу границата на две немешливи течности.  Трудовите на Рубин Гулабоски се цитирани 315 пати (според Science Citation Index), со што тој е еден од десетте најцитирани хемичари од Македонија. Рубин Гулабоски бил рецензент на 12 трудови приложени за публикација во интерна­ционални списанија. Презентирал 24 трудови на разни научни манифестации, од кои 14 на интерна­цио­нал­ни, а 10 трудови на научни манифестации одржа­ни во Македонија. Притоа, бил поканет да држи семинари и предавања на 4 европски универзитети во Германија, Швајцарија и Португалија. Автор е на една монографија на англиски јазик публикувана во 2005 г. (Electrochemistry of immobilized particles and droplets), издадена од издавачката кука Спрингер-Верлаг, а автор e на Electro­chemical Dictionary што злезе од печат 2012 г. Бил член на Организационен одбор на 1 научна конференција. Како член, учествувал во реализацијата на 10 научно­ис­тра­жувачки проекти, од кои 4 се интернационални, а 6 се домашни проекти. Добитник е на неколку интернационални стипендии и признанија. Tој е првиот студент од Македо­ни­ја кој добил стипендија за докторски судии во рамките на про­гра­мата на Deutsche Akademische Austauschdienst (DAAD). Добитник е на fellowship за постдокторски студии во Порто, Португалија, како стипендијант на порту­галската влада. По специјална покана од DAAD учествува (како единствен учес­ник од Македонија) на средба со нобеловците од областа на хемијата и физи­ката, во 2002 г. Тој е и еден од десетте стипендирани најдобри млади науч­ни­ци на конгресot во Бар­се­ло­на (септември, 2006), организиран од European/Japanese Molecular Liquids Group. Течно зборува англиски и германски јазик, а има добри познавања и од францускиот и португалскиот јазик.

Рубин Гулабоски е автор на 37 оригинални печатени тру­до­ви, од кои 3 се публикувани во списанија од Македонија, а 34 труда се објавени во интернационални списанија со високи импакт фактори (како, на пример, Journal of Physical Chemistry B, Chemistry and Physical Chemistry, Langmuir, Electrochemistry Communications, Journal of Electro­ana­ly­ti­cal Chemistry, Faraday Discussion, Physical Chemistry Chemical Physics, Electroanalysis, Amino Acids и други). Автор е и на еден ревијален труд во спи­саниетоChemPhysChemДопол­ни­тел­но, се јавува и како автор на 5 трудови печатени во зборници на трудови во Македонија. Некои од позначајните публикации на д-р Рубин Гулабоски се дадени подолу: R. Gulaboski, V. Mirčeski, C. M. Pereira, M. Natalia D. S. Cordeiro, A. Fernando Silva, F. Quentel, M. L’Her, M. Lovrić, A comparative study of the anion transfer kinetics across waterѓnitrobenzene interface by means of electrochemical impedance spectroscopy and square-wave voltammetry at thin organic film-modified electrodes, Lagmuir22, 3404-3412 (2006); R. Gulaboski, C. M. Pereira. M. N. D. S. Cordeiro, I. Bogeski, E. Fereira, D. Ribeiro, M. Chirea, A. F. Silva, Electrochemical study of ion transfer of acetylcholine across the interface of water and a lipid-modified 1,2-dichlorethan, J. Phys. Chem. B109, 12549-12559 (2005); R. Gulaboski, A. Galland, G. Bouchard, K. Caban, A. Kretschmer, P. –A. Carrupt, H. H. Girault, F. Scholz, A comparison of the solvation properties of nitrophenyl octyl ether, nitrobenzene and n-octanol as assessed by ion transfer experiments, J. Phys. ChemB., 108, 4565-4572 (2004); R. Gulaboski, V. Mirčeski, F. Scholz, An electro­che­mi­cal method for determination of the standard Gibbs free energy of anion transfer between water and n-octanol, Electrochem. Commun., 4, 277-283 (2002); R. Gulaboski, V. Mirčeski, Š. Komorsky-Lovrić, M. Lovrić, Square-wave voltammetry of cathodic stipping reactions. Diagnostic criteria, redox kinetic measurements, and analytical applications, Electroanalysis, 16, 832-842 (2004).

 Престојувал на повеќе европски универзитети и тоа: на Универзитетот во Греифсњалд, Германија во периодот од 2001 до 2004 г. каде ја работел докторската дисертација, на Универ­зи­тетот во Лозана, Швајцарија, во периодот јуни-јули 2003 г., како и на Универзитетот во Порто, Португалија, од октомври 2004 до денес, кадешто има позиција на постдокторант. Реализирал и неколку кратки студиски престои на Факултетот за хемија и хемиска технологија во Љубљана, Словенија, во 2001 г., на Универзитетот во Улм Германија во 2003 г., како и на Институтот Руѓер Бошковиќ, во Хрватска, во 2001 г.