Стручен соработник м-р Милена Спасовска Колевска технички соработник M.Sc. Милена Колевска


Кабинет 208 Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации среда 9-11 h, петок 9-11 h

м-р Милена Спасовска Колевска е родена на 24 ноември 1989 година во Куманово. Основно и средно образование завршува во родниот град. Во 2008 година започнува со студии на Институтот за хемија на насоката аналитичка биохемија. Дипломскиот труд на тема „Испитување на серум амилоидниот протеин А со масена спектрометрија спрегната со имуноанализа со мулти јонски пристап“ го одбранува во 2013 год. и дипломира со просечен успех 9,5. Истата година се запишува на магистерски студии кои успешно ги завршува со одбрана на магистерскиот труд „Класификација на бактерии со примена на протеомски, геномски и хемометриски методи“ во ноември 2014. Во 2015 година започнува со докторски студии со тема на истражување од областа на магнетната резонантна спектроскопија на мозочното ткиво при различни невролошки состојби.

Почнувајќи од 2014 година, како демонстратор, а од септември 2016 година и вработена како технички соработник, ангажирана е на повеќе лабораториски, нумерички и теоретски вежби: Биохемија I и II (А и Б ниво), Органска хемија I и II (А и Б ниво), Хемија на хетероциклични соединенија, Органска хемија за биохемиско - физиолошка насока,  Неорганска хемија А ниво, Инструментални аналитички методи (А и Б ниво), Аналитичка и инструментална хемија за биолози, како и  Хемија на животна средина.

Kolevska M, Kuzmanovski I, Stojanoski K, Petrovska M. (2014).Classification of bacteria from proteomic and genomic data using cluster and principal component analysis. Presented by M. Kolevska at the 5th Congress of Macedonian Microbiologists with  International Participation, Ohrid, Macedonia.

Workshop "From Molecules to Functionalised Materials", Module: Biomaterials, Ohrid, Macedonia, 2015