Pедовен професор (во пензија) д-р Мира Ристова Retired professors Dr Мира Ристова


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

      Родена на 9 октомври 1948 г. во Скопје. Во Скопје завршила и средно училиште и во 1967/68 г. се запишала на студии по применета хемија на Природно-математичкиот фа­култет во Скопје. Дипломирала во 1972 г. на Заводот за неор­ган­ска хемија, под ментор­ство на проф. д-р Димче Тошев. Се запишала на постдипломски студии на Хемискиот институт при Природно-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје, насока за молекулска спектроскопија. Магистрирала во 1981 г. на Хемискиот факултет во Скопје кадешто, под менторство на проф. д-р Иван Петров, ја изработила и ја одбранила те­за­та "Вибрациони спектри на хидра­тите на некои аце­тати и формати". Со спектро­скопски истражувања продол­жила и при изра­бот­ката на докторската дисертација (ментор бил проф. д р Бојан Шоптрајанов) и во 1993 г. ја одбранила те­зата "Изу­чување на инфрацр­вените спектри на солите на некои органски киселини", со што се здобила со академ­скиот степен доктор на науки. По дипло­ми­ра­ње­то, како стажант на Хемискиот институт на Природно-математичкиот факултет, една година работела на темата за научно усо­вршување под наслов "Синтеза на ацетилацетонати на тривалентни ме­та­ли и нивната примена при полимеризацијата на акрило­нит­ри­лот по рас­тво­рен метод”. За помлад асистент била избрана во 1975 г., а за асистент во 1982 г., а во почетокот на 1995 г. била избрана за доцент по предметот хемија за Ин­тер­дисциплинарните студии по заштита при работа (ИСЗПР). Заради мирувањето на студиите по ИСЗПР, во учеб­ната 1995/96 г. и била доделена наставата по предметите хе­ми­ја на ком­плексните соединенија, хемија на преодните елементи и пре­па­ра­тив­на неорганска хемија. За вонреден професор е избрана во 1999 г. Од учебната 2001 г., наместо предметот препаративна неорганска хемија, и била доделена наставата од предметите општа и неорганска хемија и органска хемија на Шумарскиот факултет во Скопје. Во 2004 г. е избрана во звањето редовен про­фе­сор и и е доделена наставата од предметот неорганска биохемија. Држи настава и на постдипломските студии на Институтот за хемија (координациона хемија и неорганска биохемија). Изведувала и вежби од општа и неорганска хемија за студентите од Медицинскиот, Стоматолошкиот, Шумарскиот факултет како и за студентите од Институтите за биологија и физика на ПМФ во Скопје. Била ментор на 15 дипломски работи. Научноистражувачката работа на д-р Мирјана Ристова се одвивала предим­но на подрачјето на структурната хемија и била (и сега е) вклучена во изработката на науч­но­истражувачки проекти посветени на реша­вањето на проб­леми од структурната хемија, користејќи инфрацрвена и рамаска спектроскопија: спектроскопски испитувања на потенцијални протонски спроводници, спектроскопски и теоретски испитувања на водо­род­но сврзани сис­те­ми во цврста состојба, соли и комплекси - експериментални и теориски испитувања, водородно сврзани системи во цврста состојба и во раствор - експери­ментални и теоретски испи­тувања, експеримен­тал­ни и теоретски испитувања на прости и двојни соли и комплекси, неутронско и раманско расејување на протон-спроводнички матери­јали, раз­вој на квалитативни и квантита­тивни методи за ана­лиза на плун­ков­ни камења со помош на фурие-транс­формна инфрацрвена спектро­метрија. Досега, проф. Ристова има објавено 25 печатени трудови од кои 23 со фактор на влијание, а два во списанија печатени во земјава. Презентирала и 45 трудови и сооп­штенија на науч­ни манифестации како во земјата (7) така и надвор од неа (38). Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Ристова се цитирани 6пати. 

Позначајни нејзинитрудови се: P. Naumov, M. Ristova, M. G. B. Drew, S. Weng Ng, Bis(ace­tato-O)tetrakis(imidazole-N3) nickel(II), Acta Cryst., C56, e372–e373 (2000); P. Naumov, M. Ristova, B. Šoptrajanov, M.-J. Kim, H.-J. Lee, S. Weng Ng, A rhombohedral polymorph of aqua(malo­na­to)cad­mium(II) hydrate, Acta Cryst.,E57m14–m16 (2001); P. Naumov, M. Ristova, B. Šoptrajanov, M. Žugić, Vibrational spectra of bis(aceta­to)tet­ra­kis(imida­zole)coper(II), J. Mol. Struct.598, 235–243 (2001); P. Naumov, M. Ristova, B. Šoptrajanov, M. G. B. Drew, S. W. Ng, The crystal structure of copper(II) malonate tri­hyd­­rate, Croat. Chem. Acta75, 701–711 (2002); I. Kuzma­nov­ski, M. Ristova, B. Šoptrajanov, V. Stefov, V. Popovski, Determination of the composition of sialoliths composed of carbonate apatite and albumin using artificial neural networks,Talanta62, 813–817 (2004). Во текот на 1985 г., како стипендист на Британскиот совет, Мирјана Ристова остварила тринеделен студиски престој на рено­ми­ра­ниот King’sCollege во Лондон. Била член на Организациони одбори на 10 научни конференции во земјава.