Pедовен професор (во пензија) д-р Лилјана Андреева Retired professors Dr Лилјана Андреева


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Лилјана АНДРЕЕВА, редовен професор, е родена на 6 март 1946 г. во Скопје. Средно училиште завршила во 1964 г. во Скопје. Истата година се запи­ша­ла на студии на Хемискиот факултет при Универ­зи­тетот “Мак­сим Горки” во Харков, Украина (тогашен СССР). Дипломирала во 1969 г. На постдипломски студии се запи­шала во 1973/74 г., на насоката за молекулска спектро­скопија на Хемис­киот институт при Природно-матема­тич­киот факултет во Скоп­је. Магист­рирала во 1982 г. на Хемис­киот факултет во Скопје. Магис­тер­ска­та теза „Спектро­скоп­ски испитувања на не­кои ци­јанометалатни комплекси” ја изработила под мен­­­тор­ство на проф. д-р Бојан Шоп­тра­ја­нов. Докторската ди­сер­­тација “Ис­питувања на клатрати од Hofmann-ов и Hofmann-ов Td тип со помош на вибрациона спектро­ско­пија” ја изработила и ја одбра­нила во 1994 г. на Природно-матема­тич­киот факултет во Скопје, под менторство на проф. д-р Биљана Минчева-Шу­ка­рова. По дипломирањето, во 1969 г. е примена како стручен сора­бот­ник на Хемискиот институт при ПМФ во Скопје. Во 1973 г. е избрана за асистент и е преизбирана сè до 1996 г. Истата година е избрана за доцент. Во 2001 г. е избрана за вонреден професор, а во 2006 г. за редовен професор на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. На Факултетот изве­ду­­ва настава по физичка хемија (за студентите од Рударско-гео­лошкиот факултет во Штип), основи на физич­ка­та хемија и историја на хемијата (за студентите на дво­пред­мет­ните студии биологија-хемија) и одбрани поглавја од електрохемијата (за студентите од анали­тичко-струк­турната насока на групата хемија). Научната работа и е од областа на молекулската спектроскопија и структур­ната хе­ми­ја. Во 2002 г. била сек­ре­тар на Организациониот од­бор на XVII конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија. Учес­тву­вала во реализација, на вкупно 11 науч­ни проекти од кои 5 се ме­ѓу­народни, а 6 домашни. Била ментор за из­работ­ка на 16 дипломски рабори. Во перио­дот од октомври 1997 до октомври 1999 г. била рако­во­­дител на Заводот за физичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. Зборува руски и англиски јазик.

Учествувала при изработката на две учеб­ни помагала и е са­мос­то­ен автор на еден учебник. Од 2005 г. е главен и одговорен уредник на изда­вач­ка­та дејност при ПМФ во Скоп­је.

  • Во периодот од 15 сеп­тем­ври до 15 октомври 1988 г. престојувала на Универ­зи­те­тот во Упсала, Швед­ска
  • Од 24 јуни до 8 јули 1991 г. на Кингс Колеџ во Лон­дон
  • Од 3 јуни до 10 јули 2001 г. на Универзитетот во Истанбул, Турција.

Објавила 24 труда (18 во меѓу­на­род­ни списанија а шест во Македонија. Учествувала во изработката на шест научноис­тра­жу­вачки проекти. Меѓу најзначајните објавени научни трудови се:

  • B. Minčeva-Šukarova, L Andreeva, G. Ivanovski, A study of a host-guest in­terac­tion in Hofmann-type clathrates, J. Mol.Struct., 219, 111-116 (1990);
  • L. An­dre­eva, B. Minčeva-Šukarova, V. Petrušev­ski, The motion of the benzene molecules in the host lattice of M(NH3)2M'(CN)4.2C6H6 clathrates, Croat. Chem. Acta, 65, 173-178 (1992); 
  • L. Andreeva, B. Minčeva-Šukarova, Vibra­tio­nal spectra of partially debenzenated analo­gues in some en-Td type clathrates, J. Mol. Struct., 408/409, 431-434 (1997); 
  • L. Andreeva, B. Minčeva-Šukarova, Far-infrared and Raman spec­tra of the low frequency region in Hofmann-Td type clathrates, J. Mol. Struct., 408/409, 435-438 (1997); 
  • Lj. Pejov, L. Andreeva, B. Minčeva-Šukarova, V. M. Pet­ru­šev­ski, The vibrational stark effect on the doub­ly dege­nerate n19 modes of the benzene guest molecules in Hofmann type clathrates, Croatica Chem. Acta 73, 1185-1196 (2000). 

Според Science Citation Index, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Андре­е­ва се цитирани 28 пати. Била рецензент на два научни труда во Jurnal of Inclusion Phenomen и на три предлога за развоен проект во земјава. Презентирала 59 соопштенија на разни научни мани­фес­­тации од кои 42 се над­вор од Македонија, а 17 во Македонија.