Pедовен професор (во пензија) д-р Марија Георгиева Retired professors Dr Марија Георгиева


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Марија ГЕОРГИЕВА, редовен професор (во пензија), е родена на 25 мај 1945 г. во Охрид. Завршила гимназија („Климент Охрид­ски”) во родното место и во 1963/64 г. се запи­шала на студии на Тех­нолошко-металуршкиот факултет во Скоп­је. На пост­дип­лом­ски студии се запишала на Природно-ма­тематичкиот фа­култет во Скопје, насока за неор­ган­ска и аналитичка хемија. Магистрирала во 1982 г. на Хемискиот факултет во Скопје (под менторство на заг­реп­скиот про­фесор Иван Пилјац) бра­нејќи го трудот „Опре­де­лување траги од тешки метали во биолошки материјали со методот анодна стриппинг вол­та­­мет­рија”. Еден пери­од престојувала во Љуб­ља­на, кадешто ја работела сво­ја­та докторска теза. Таму и докто­ри­рала (на Fakulteta za naravoslovje in tehno­lo­gi­jo) во 1988 г., под менторство на професор Борис Пихлар. Нас­ловот на док­торската теза е „Raziskava redukcije in raz­voj metode za določevanje paladija z adsor­pcij­sko voltamet­ri­jo”. Од 1970 до 1975 г. била стручен соработник на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1975 г. е избрана за асистент. На Хемискиот факул­тет во Скопје и подоцна повторно на Природно-математич­ки­от факултет била уште неколку пати преизбирана за асистент. Како асистент била агажирана во изведувањето на вежбите по предметите ана­ли­тичка хемија за студентите на студиите за хемија и биологија, како и за студентите од Фармацевтскиот факултет. Во 1992 г. е избрана за доцент на Институтот за хемија. При овој избор на д-р Георгиева и е до­ве­ре­на наставата по предметот ос­нови на хемиската техно­ло­гија (за наставната насока на групата хемија). Во 1997 г. е избрана во звањето вонреден професор а во 2002 за редовен про­фе­сор. Научноистражувачката работа и е од областа на елек­тро­ана­литичките методи. Била на студиски престои на Одделот за неорганска хемија при Технолошкиот факултет во Загреб и на Факултетот за природни науки и технологија, Љубљана. Нејзина спе­циј­ал­ност во научноистражувачката работа е анодната stripping вол­та­мет­ри­ја. До сега об­ја­вила вкупно 25 труда од кои 11 во списанија надвор од Република Македонија (6 во списанија со impact fac­tor), 4 во списанија кои излегуваат во Македонија и 10 во зборници на трудови од научни собири. Нејзините тру­дови се цитирани 34 пати во SCI. Презентирала повеќе соопштенија на интернационални и национални научни собири. Била рако­водител на еден научно­истра­жу­вачки проект.

Позначајни објавени трудови се: M. Georgieva, B. Pihlar, Study of the reduction of palladium(II) on a mer­cury electrode, Electroanalysis, 8, 1155-1159 (1996); M. Georgieva, B. Pihlar, Deter­mi­na­tion of pal­la­di­um by adsor­p­ti­ve stripping voltammetry, Fresenius J. Anal. Chem., 357, 874-880 (1997); M. Georgieva, Electrochemical behaviour of Pt(IV) on mercury electrode in the presence of dimethylglyoxime, Port. Electrochim. Acta, 20, 179-189 (2002); M. Georgieva, B. Andonovski, Determination of Pt(IV) by UV spectrophotometry, Anal. Bioanal. Chem., 375, 836-839 (2003); M. Georgieva, B. Andonovski. Study of the reac­tion of Pt(IV) with dimethylglyoxime by UV Spectrophotometry, Collect. Czech. Chem. Commun., 68, 1065-1075 (2003).