Pедовен професор (во пензија) д-р Илинка Донова Retired professors Dr Илинка Донова


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Илинка ДОНОВА, редовен професор (во пензија), е родена на 29 октом­ври 1946 г. во с. Сопот, Кавадаречко. Средно училиште - Учителска школа „Никола Карев” завр­шила во Скопје во 1965 г. Во учебната 1965/66 г. се запишала на сту­дии по хемија на Природно-математич­киот факултет во Скопје. Ди­пло­мирала во 1970 г. На постдипломски студии се запи­шала на Хемискиот институт при Природно-ма­те­матичкиот факултет во Скопје. Магистри­рала (под менторство на проф. д-р Даринка Коцева) во 1981 г. со одбрана на те­за­та „Термич­ка анализа на М+-уранил ацетати”. Две години прес­то­­јувала на Факултетот за природни науки и технологија на Универ­зи­те­тот во Љубљана, каде што во 1992 г., под мен­тор­ство на проф. д-р Јоже Шифтар, ја одбранила својата док­тор­­ска теза „Придонес кон аналитиката и хемијата на злато­то”. Веднаш по дипло­ми­ра­ње­то се вработила како професор во Гим­на­зијата „Цветан Димов” а во 1971 г. е примена на Хемис­ки­от инсти­тут при Природно-ма­тема­тичкиот факултет во Скопје како стручен соработ­ник. За асистент е избрана во 1974 г. и повеќепати е реизбирана во тоа звање. Од 1994 г. е доцент, од 1999 г. вонреден професор, а од 2004 г. редовен професор на Институтот за хемија на При­родно-математичкиот факултет во Скопје. Како асистент изведував вежби по повеќе хемиски дисциплини (неорганска хемија, органска хемија, аналитичка хемија) и со повеќе групи на студенти (медицинари, сто­ма­то­лози, шумари, хемичари, биолози). Во периодот од изборот во настав­ник ја изведува наставата по историја на хемијата (за студентите по хемија на Природно-мате­ма­тич­ки­от факултет) и по општа и неорганска хемија и аналитичка хемија, односно сега хемија, за студентите од Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Од учебната 2003/04 изведува настава по предметот аналитичка хемија за студентите по биологија (биохемиско-физиолошка насока). Област на научен интерес на д-р Донова се неорганските синтези и термичката анализа. На научната јавност досега и се претставила со вкупно 10 трудови кои 5 печатени во меѓуна­родни списанија. На научни собири пре­зен­тирала вкупно 32 соопштенија. Според Science Citation Index, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Донова се цитирани 22 пати. Учес­тву­вала и во изработката на 4 науч­но­ис­тра­жу­вачки проекти. Била рецензент на 1 труд за списание во Република Македонија и на 3 учебника. Објавила 4 интерни скрипти за студентите а била ментор на 26 дипломски работи. Обавила студиски престој на Универзитетот во Љубљана, Словенија. Била претседател на Советот на Хемискиот факултет (1984), рако­во­ди­тел на Заводота аналитичка хемија. Била и претседател на комисија за државен испит за основно и средно образование по хемија при Министерството за образование и наука (два мандата). Ги познава англискиот и францускиот јазик.

Позначајни трудови на проф. Донова се: I. Donova, J. Siftar, Separation and gravimetryc determi­na­tion of gold and selenium using hydrazinium, Acta Chimica Slovenica, 40, 47-50 (1993); I. Donova, D. Koceva, Synthesis and thermal investigations of Na2Cd(SO4)2.2H2O, Journal of Thermal Analysis, 44, 597-604 (1995); I. Donova, J. Siftar, Synthesis and thermal decom­po­si­tion of some selenates of gold, Thermochimica Acta, 244131-138 (1994); I. Donova, S. Aleksovska, V. Stefov, Synthesis, charac­teri­za­tion and thermal decomposition of pyridinium uranyl acetate, Ther­mo­chi­mi­ca Acta348, 169 (2000); I. Donova, V. Stefov, S. Aleksovska, Synthesis, Characterization and thermal decom­po­si­tion of hydroxyl­am­mo­ni­um uranyl acetate, Journal of Thermal Analysis and Calorimetry, 63, 125 (2001).