Редовен професор д-р Зоран Здравковски prof. Dr Zoran Zdravkovski


Кабинет 235 Локал 926 Дир. телефон +389 2 324-9926 Email [protected email] Консултации Во принцип секој ден од 8-12 h, но најдобро најава по е-пошта или телефон.

Д-р Зоран ЗДРАВКОВСКИ, редовен професор, е роден на 16 март 1953 г. во Белград. Основно образование завршил во Скопје и во Бејрут, Либан (седмо и осмо одделение), а сред­­но образование завршил во Скопје и во САД (четврта година). Средно образование стекнал во Скопје (во гимназијата „Јосип Броз Тито”) и во Фармингтон (САД). Во учеб­ната 1971/72 г., се запишал на студии по применета хе­мија на При­род­но-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје. Дипло­мирал во 1975 г. како најдобар студент во својата гене­ра­­­ц­и­ја. Наредната година се запишал на постдипломски сту­дии на Хемискиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1982 г. под менторство на проф. д-р Бојан Подолешов, бранејќи ја темата „Изолација и идентификација на кисели и базни ком­поненти од видови Aristolochia”. Во 1984/85 г. бил на студиски престој на Fakulteta za naravoslovje in tehnologijo во Љубљана, каде што работел на проблеми од својата идна док­торска дисертација. Докторирал во 1989 г., на Универ­зи­тетот „Едвард Кардељ” во Љубљана (ментор на трудот бил проф. д-р Марко Зупан), бранејќи го трудот „Uticaj strukure visokomolekularnih jedinjenja na trans­formacije organskih molekula”. Во периодот 1992-1994 г. бил на постдокторски престој на Универзитетот во Њу Ор­леанс, САД. Во 1976 г. е примен за стажант на Институтот за чиста и применета неорганска хе­ми­ја на Хемискиот факултет. Наредната (1977) година е избран за помлад асистент. По магис­трирањето е избран за асистент. Во ова звање е преизбиран до 1991 г. кога станува доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1996 г. е избран за вонреден про­фе­­сор, во 2000 е избран во звањето редовен професор, а во 2006 презибран во истото звање. Во периодот 1993–1994 г. бил на научно усовршување на Универзитетот во Њу Орлеанс, САД. За време на овој сту­дис­ки престој Зоран Здравковски ос­тварил забележлива научноистражувачка активност од која произлегле голем број научни трудови објавени во врвни меѓународни списанија. Зоран Здравковски бил ангажиран во изведување на наставата на додипломски и постдипломски студии по следниве предмети: информатика при­ме­не­та во хемијата (за хемичари), хемија на преодни елементи (за хемичари), препаративна неорганска хемија (за хеми­ча­ри), примена на компјутери (за студентите по биологија-хемија), медицинска хемија (за медицинари), органска хемија со органска технологија (за студентите по биологија-хемија), додека за на постдипломските студии изведу­вал настава по: компјутери во хемијата, хроматографски методи (гасна хромато­гра­фија) и органски синтези. Треба да се истакне дека студентите од Медицинскиот факултет кои ја следеле неговата настава по меди­цин­ска хемија повеќепати го прогласувале за професор кој им оставил најсилен впечаток со своите пре­да­ва­ња и организација на наставата. Бил ангажиран и во други активности како: генерален секретар на Сојузот на хеми­ча­ри­те и технолозите на Македонија, регионален уредник на Molecules, Интернет јоурнал, од 1997 г. е член на American Chemical Society, бил долгогодишен член на Коми­си­ја­та за квалификациони испити на Медицински факул­тет, член е на повеќе комисии за одбрана на магис­тер­ски работи и докторски дисертации, рецензент на учеб­ници (Просветно дело, ПМФ), научни трудови (Molecules, Journal of Chemical Education, Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонски фармацевтски билтен) научни и развојни проекти (Министерство за образование и наука на Р. Македонија, Минис­тeарство науке и заштите животне средине, Србија и Црна Гора) итн., член на стручен тим за изгот­ву­ва­ње на наставни програми за гимназиското образование, член на Комисијата за меѓународна соработка на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, член на Комисијата за издавачка дејност на ПМФ, член на работното тело на Компјутерскиот центар на ПМФ, иницијатор за издавање на е-Билтен, електронски информатор на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија итн. Научно­истра­жу­вачката и педагошката дејност на проф. Здравковски опфа­ќаат навистина широк спектар од активности, почнувајќи од изолација на природни про­дукти, преку синтези на органски супстанци, и сè до примена на компјутери за науч­­но–образовни цели. Објавил повеќе од 40 трудови во интернационални списанија и тоа со највисоки импакт фактори од областа на органската хемија како што се: Journal of Organic Chemistry, Journal of Chemical Society, Perkin Transactions. 2, Journal of Heterocyclic Chemistry, Journal of Physical Organic Chemistry, Tetrahdron Asym­met­ry итн. Според Science Citation Index, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Здравковски се цитирани 475 пати. Автор е на две книги, а исто така превел или учествувал во преводот на други две: Номенклатура на органската хемија, според правилата на IUPAC (2003), Excel низ примери од хемијата и сродните науки, (2003); Номенклатура на органската хемија, Секции А, Б и Ц (1986) и Принципи на хемиската номенклатура, Вовед во правилата на IUPAC (2005).

- Подолешов, Б.; Коруноски, М.; Здравковски, З., Номенклатура на органската хемија, Секции A, B и C, МАНУ, Скопје 1986 (превод на правилата на IUPAC).

- З. Здравковски, К. Стојаноски, Номенклатура на органската хемија, според правилата на IUPAC, второ издание, ПМФ, Скопје, 2003.

- З. Здравковски, Excel низ примери од хемијата и сродните науки, второ препечатено (малку преправено) издание, ПМФ, Скопје, 2008.

- З. Здравковски, Основи на гасната хроматографија, ПМФ, Скопје, 2009.

Во продол­же­ние се наведени дел од трудовите:

B. S. Jursic, Z. Zdravkovski, Theoretical Study of ethylene and vinyl alcohol addition to 1,4-dioxa-1,3-butadiene, J. Org. Chem. 59, 7732-7736 (1994);

B. S. Jursic, Z. Zdravkovski, DFT Study of the Diels-Alder reactions between ethylene with buta-1,3-diene and cyclopentadiene, J. Chem. Soc., Perkin Trans. 2, 1223-1226 (1995);

B. S. Jursic, Z. Zdravkovski, S. L. Whittenburg, Ab initio study of the low reactivity of thiophene in Diels-Alder reactions with carbon dienophiles, J. Phys. Org. Chem.8, 753-760 (1995);

Z. Zdrav­kovski, Theo­re­tical study of the Diels-Alder reaction of benzene with fluorinated dienophiles, J. Mol. Struct. (Theochem)684, 99-102 (2004);

A. Nestorovska-Krsteska, Z. Zdravkovski, Theoretical study of the diastereofacial isomers of aldrin and dieldrin, Int. J. Mol. Sci. 7, 35-46 (2006). 

 Aaron, J.J.; Guigand, S. I.; Pejov, L.; Efremova-Aaron S.; Zdravkovski. Z., Theoretical and Experimental Approach for the Study of 2,4-Dichlorophenoxyacetic acid Photodegradation: C-O versus C-Cl Bond Dissociation Energies in the Gas Phase and Aqueous Medium, Croatica Chem. Acta 2010, 83, 171-177.

Murati, M.; Oturan, N.; Aaron, J.J.; Dirany, A.; Tassin, B.; Zdravkovski. Z.; Oturan, M.A., Degradation and mineralization of sulcotrione and mesotrione in aqueous medium by the electro-Fenton process: a kinetic study, Environ. Sci. Pollut. Res., 2011, DOI 10.1007/s11356-011-0667-1.

Rusevska, K.; Zdravkovski, Z.; Simple extraction method for detecting exogenous substances in scalp hair by GC-MS, Journal Hygienic Engineering and Design, 2, 59-78, 2013.


- најредовно отсутен од состаноци на Стручниот совет на Институтот за хемија и Наставно-научниот совет на ПМФ

- иницјатива за покренување на е-Билтен, електронски информатор на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (2002 – )

- главен и одговорен уредник на Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (2009 – )

- и многу други глупости