- д-р Мирослава Јанчевска-Николовска Former Dr Мирослава Јанчевска-Николовска


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Мирослава ЈАНЧЕВСКА-НИКОЛОВСКА, редовен професор (во пензи­ја), е ро­де­на на 31 август 1928 г. во Куманово. Средно образо­вание завршила во родниот град (во Гимназијата „Гоце Делчев”). Во 1947/48 г. се запишала на студии по хемија на Фило­зоф­скиот факултет во Скопје. Дипломирала на матичниот фа­кул­тет во 1953 г. Докторската дисер­та­ци­ја "Студии во редот на тиоамидите - прилог кон поз­нава­ње­то на хид­рок­си­тио­ами­­дите” ја одбранила во 1965 г. на Природно-мате­ма­тич­ки­от факултет во Скопје,под менторство на д-р Виктор Хан (од институтот Руѓер Бошковиќ во Загреб). По дипломирањето, во 1953 г., е задржана како асис­тент на групата за хемија при Филозофскиот факул­тет во Скопје. Во 1967 г. е избрана за доцент, а во 1972 г. за вон­­ре­ден професор на Хемискиот институт на Природно-мате­матичкиот факултет во Скопје. За редовен професор е из­бра­на во 1979 г. на Хемискиот факултет во Скопје. Од 1988 г. се наоѓа во пензија. На Факултетот била избрана за наставник по предметот одбрани поглавја од органската хемија (за хемичари). По пензионирањето на проф. Јанчулев (во 1975 г.) ја презела нас­тавата и по основниот курс по органска хемија (за хемичари). Во 1985 г. и е доделена и наставата по органска хемија за фармацевти. На постдипломските студии изведувала нас­тава по предметите нови методи во синтетичката органска хемија и механизми на органските реакции. Објавила вкупно 80 трудови (седум трудви во интернационални списанија, 7 трудови во национални списанија надвор од Република Македо­ни­ја и 59 труда во зборници и национални списанија издавани во Македонија). Нејзините трудови се цитирани 15 во SCI. Автор е и на 58 соопштенија (8 презен­ти­рани на интернационални мани­фес­та­ции, 25 на општојугословенски и 25 на национални собири одржани во Македонија). Била раководител на шест научноистражувачки проекти. Била ментор на седум кандидати кои одбраниле магистерска теза и на три кандидати кои докторирале.