Pедовен професор (во пензија) д-р Благоја Јордановски Retired professors Dr Blagoja Jordanovski


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Благоја ЈОРДАНОСКИ, редовен професор (во пензија), е роден на 21 фев­ру­ари 1947 г. во Прилеп. Со средно образование се здобил во род­но­то место. Во учеб­ната 1965/66 г. се запишал на студии по хе­мија на При­родно-математичкиот факултет во Скопје. Дипломирал на Заводот за неорганска хеми­ја (под менторство на проф. д-р Благоја Топузовски) во 1971 г. Постдипломски студии завршил на насоката за неорганска и аналитичка хемија при Хемискиот факул­тет во Скопје. Магис­тер­ски­от труд, работен под мен­торство на проф. д-р Благоја Топузов­ски, "Поларо­граф­­ско испиту­вање на комплек­си­те на кадмиумот со азелаин­ската кисе­лина” го одбранил во 1980 г. Докто­рирал во 1988 г. на Природно-математичкиот факул­тет во Скопје, бранејќи ја дисер­та­ци­ја­та "Елек­тро­хемиско и спек­тро­елек­тро­­хемиско испи­ту­ва­ње на дихидрокси антрахи­нони - продуктите на електрохемис­ката редук­ција и нив­ни­те комплек­сни соеди­не­нија во неводна средина”. Ментор на доктор­ската теза бил познатиот професор од Загреб, Иван Пилјац. Веднаш по дипломирањето е задржан како стручен соработник на Хемис­киот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. По магистри­ра­њето, во 1981 г. е избран за асистент. Во ова звање е преизбиран до 1989 г., кога е избран за доцент на Природно-мате­матичкиот факултет во Скопје. Во 1994 г. е избран за вонреден професор, во 1999 г. за редовен про­фе­сор а преиз­бран во ова звање во 2004 г. Д-р Јорданоски на Институтот за хемија е ангажиран со изведување настава по пред­ме­тот одбрани поглавја од неорганска хемија, на Стоматолошкиот факултет изведувал настава по медицинска хемија, а на Шумарскиот факултет – настава по предмететот хемија. Исто така три години држел нас­тава по предметот хемија на Ветеринарниот факултет и три година по предметот хемија на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. На постдип­лом­ските студии на Институтот за хемија бил вклучен во наставата по предметите: координациона хемија, електрохемиски методи во биохемиската ана­ли­за и одбрани поглавја од неорганска хемија. Изведувал вежби по предметите: аналитичка хемија за студен­ти­те од Институтот за хемија, медицинска хемија за студентите од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет и други. Во периодот од октомври 1989 г. до јуни 1990 г. учествувал на Интер­наци­о­нал­ни­от курс за модерни електроаналитички методи во Прага, во организација на УНЕСКО. Научноистражувачката активност на д-р Благоја Јорданоски е разновидна и се однесува на проучување на рамнотежните процеси кај комплексните соединенија со примена на пола­ро­граф­ски­от метод, потоа проучување на електрохемиското однесување на различни супстанци со примена на современи волтаметриски методи, како и разработка на волтаметриски методи за квантитативно определување на фармацевтски препарати. Дел од неговата научна активност се однесувала на определување на содржината на микроелементи во води за пиење, потоа содржината на некои компоненти во природни производи и сл.. Исто така, д-р Благоја Јорданоски учествувал во изработката на неколку проекти кои се поврзани со индустриското производство и зачувување на животната средина. Од 1994 до 1996 г.биле раководител на Заводот за неорганска хемија, а во периодот од 2001 до 2005 год. продекан за настава на Природно-математичкиот факултет. Во пензија е од 2012 година.

Професор Јорданоски. има објавено 28 печатени трудви, презентирал 41 труд на научни собири, учествувал во 9 научноистражувачки проекти. Има издадено еден ученбик по хемија и еден прирачни за вежби по хемија. Spored Science Citation Index, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Јорданоски се цитирани 40 пати.