- д-р Круме Калајџиевски Former Dr Круме Калајџиевски


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Круме КАЛАЈЏИЕВСКИ, редовен професор (во пензија), е роден во Скопје на 28 јануари 1934 г. Средното образование го завршил во Гимна­зијата „Цветан Димов” во Скопје и во учебната 1952/53 г. се запишал на студии на Филозофскиот факултет во Скоп­је, на групата за хемија. Дипломирал на истиот факултет во 1957 г. Во учебната 1973/74 г. се запишал на постдипломски студии при Природно-математичкиот факултет во Скоп­је, на насоката за неорганска и аналитичка хемија. Маги­с­три­рал во 1978 г. на Хемискиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д-р Димче Тошев, со одбрана на тезата „Застапеноста на флуорот и јодот во економски по­важ­ни­те видови риби на трите природни езера во СР Маке­до­ни­ја”. Во 1983 г. док­то­ри­рал (под мен­тор­ство на проф. д-р Тибор Пастор, од ПМФ - Белград), бранејќи го тру­дот „При­­гот­ву­ва­ње и испитување на особините на хетерогени јон-се­лективни елек­тро­ди и нивна примена при опреде­лување на органски фармацевтски ак­тив­ни супстан­ци”. Во последната година од студиите (1956/57) бил примен како при­правник на групата за хемија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1957 г. бил избран за асистент и во ова звање бил преизбиран неколку пати, сè до 1984 г. кога (по докторирањето) е избран за доцент на Хемискиот факултет во Скопје. На Природно-ма­те­ма­тичкиот факултет во Скопје е избран за вон­ре­ден (во 1989) и за редовен професор (во 1994 г.). Во пен­зи­ја заминува во октомври 1998 г. Проф. Калајџиевски изведува настава по предметите аналитичка хемија и инстру­мен­тална хемија (за студентите од биохемиско-физиолошката насока на Ин­сти­тутот за био­ло­гија) и по аналитичка хемија (за студентите од Фарма­цевтскиот факултет). На постдипломските студии на Институтот за хемија е задолжен да изведува настава по пред­ме­тот сов­ре­мени елек­тро­аналитички методи. Во науч­но­ис­тра­жувачката работа ги употребува елек­тро­ана­литич­ките методи. Специ­јалност му е изработка и анализи со јоноселективни електроди. Научниот опус на проф. Ка­лај­џиевски опфаќа 21 печатен труд (2 труда во меѓународни списанија, 4 во национални спи­санија надвор од РМ, 14 трудови во списанија издавани во РМ и еден труд печатен во зборник на трудови) и 28 соопштенија (3 биле презентирани на интер­на­цио­нални собири, 13 на нацио­нални собири надвор од РМ и 12 на национални собири во РМ). Бил раководител на еден и учесник во три научноистражувачки проекти. Во периодот 1991-1993 г. бил раководител на Заводот за аналитичка хемија.