- д-р Лилјана Клисарова Former Dr Лилјана Клисарова


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Љиљана КЛИСАРОВА, редовен професор (во пензија), е родена на 24 јули 1939 г. во Скопје. Средно образование (Гимназија „Цве­тан Ди­мов”) завршила во Скопје. Во учебната 1958/59 г. се запи­ша­ла на студии по хемија на Природно-мате­матичкиот фа­кул­тет во Скопје. Дипломирала во 1962 г. Во 1973/74 г. се запи­ша­ла на постдипломски студии на насоката за неорганска и ана­литичка хемија на При­родно-матема­тич­киот факул­тет во Скопје. Магистри­ра­ла на Хемискиот фа­кул­тет во Скоп­је во 1979 г., под мен­торство на вишиот предавач Александар Николов­ски, бра­нејќи ја тезата "Екстракција и спектро­мет­риско опре­­де­лување на талиум(III) со калиум бис(2-хидрокси­про­­пил)ди­тио­кар­­бамат”. Во 1984 г. докторирала, исто така на Хемис­ки­от факултет во Скоп­је, под менторство на проф. д-р Марија Лазаревиќ (насловот на доктор­ска­та дисер­тација е „Синтеза и испитување на коорди­национи со­единенија на некои преодни метали со хидразински деривати на 3,4,5-триме­токсибен­зо­е­ва­­та кисе­ли­на”). По дипломирањето, во периодот 1962-1971 г., работела во Одде­ле­ни­ето за тех­нич­ка кон­тро­ла на Рудници и железарница - Скопје. Во 1971 г. е избрана за асистент на Хе­мис­киот инсти­тут при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На Хемискиот факул­тет во Скопје неколку пати е преизбирана во истото звање. Во 1987 г. е избрана за доцент, а во 1992 г. за вонреден професор а во 1997 г. за редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факул­тет во Скопје. Изве­дувала настава по органска хемија за студентите по хемија и органска хемија за студентите по фар­ма­ци­ја. Изведува и настава на постдипломските студии по хемија (органска стерео­хемија и хетероциклична хемија со хемија на природни производи), како и на постдипломските студии по фармација (одбрани поглавја од органска хемија и органска стереохе­мија). Во првите десетина години од работата на Универзитетот се зани­ма­вала со истра­жу­вања во областа на инструменталната аналитичка хемија (спектрофотомет­риски опреде­лу­вања). Потоа интензивно се зафатила со проблемите на органската синтеза (посебо следење на реакции на протонирање на ароилхидразони), изолација на биолошки активни супстанци и идентифи­кација на добиените производи, како и со следење на антибактериската активност на различни органски супстанци. Во 1999 г. преминува со работа на Фар­ма­цев­тскиот факултет во Скопје. Во пензија заминува во октомври 2002 г. Има вкупно објавено и презентирано над 10 трудови од кои за време на работењето на Институтот за хемија при ПМФ објавила 26 труда (9 во интер­нацио­нални списанија, 5 во национални списа­нија надвор од РМ и 12 трудови се печатени во списанија од Македонија) а презентирала 48 соопштенија (4 на интернационални собири, 23 на национални собири одржани надвор од РМ и 21 на национални собири одржани во Р Македонија). Учествувала во изработката на 11 научни проекти. 

Позначајни 5 труда се: Lj. Klisarova, M. Lazarević, Synthesis and properties of coordination compounds of Co(II) and Ni(II) with hydrazone derivatives, Croatica Chemica Acta61, 137–145 (1988); Lj. Klisarova, M. Lazarević, Synthesis and properties of coordination compounds of Co(II) and Ni(II) with 3,4,5-trimetho­xybenz­oyl­hyd­ra­zine, Croatica Chemica Acta61, 147–153 (1988); K. Goračinova, Lj. Klisarova, A. Simov, Physical characterization and dissolution pro­­per­ties of verapimil·HCl coprecipitates, Drugs Development and Industrial Phar­ma­cy,21, 383–391 (1995); E. Popovski, Lj. Kli­sa­ro­va, D. Vikić-Topić, Simple method for benzami­do­methylation of phenols in water solution, Synthetic Com­mu­ni­ca­tions, 29, 3451–3458 (1999); E. Popovski, Lj. Klisarova, D. Vikic-Topic, Benzamidomethylation with (benza­mi­do­methyl)tri­ethyl­am­monium chloride. 2. A simple method for benzami­do­methyla­tion of thiols, amines and carboxylic acids, Molecules, 5, 927–936 (2000).