Pедовен професор (во пензија) д-р Билјана Минчева-Шукарова Retired professors Dr Biljana Mincheva-Shukarova

Материјали >>


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р Биљана МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, редовен професор, е родена на 19 јануари 1948 г. во Скопје. Основното и средното образование го завршила во Белград. Во 1971 г. дипломирала на одделот за физичка хемија на Природно-мате­ма­тич­ки­от факултет во Белград, тогашна Југославија. Постдипломските студии ги запишува во учебната 1971/72 г., на истиот факултет и на истиот оддел, физичака хемија, под менторство на проф. д-р Слободан Рибникар. Во јануари 1974 ја одбра­ни­ла магис­тер­ската теза под наслов "Vibracioni spektri ugljen dioksida u rastvorima” и се здобила со звањето магистер по физичко хемиските науки. Докторирала на одде­лот за физика на Кингс колеџот во Лондон (Велика Британија), во 1982 г. Насловот на докторската теза е "The Raman spectra of high pressure forms of ice in their region of stability”. Во 1972 г. била избрана за асистент на Институтот за хемија на ПМФ во Скопје. Во 1985 г. била избрана за доцент на истиот факултет. Од 1991 до 1996 е вонреден професор на Институтот за хемија на ПМФ, 1996 г. е избрана за редовен професор, а преизбра­на е за редовен професор во 2001 г. Проф. Минчева-Шукарова изведува настава по предметите физич­ка хемија за биохемичари I и II за студентите по хемија - насока: аналитичка биохемија и физичка хемија за студенти по биологија, а дваесет години изведувала настава по физичка хемија за студентите по фармација. Еден период изведувала настава по предметите радиохемија и методи за определување на молекулски структури за студентите по хемија на Инситутот за хемија на ПМФ. Ангажирана е во наставата за постдипломски студии: на Фармацевтскиот факултет; изведува настава по физичка хемија и на Природно математичкиот факултет, изведува настава по физичка хемија на ензими на Инситутот за биологија и на Институтот за хемија, кадешто изведува настава по предметот методи на молекулски структури. Научната работа на проф. Минчева-Шукарова е од областа на молекулската спектроскопија (раманска и инфрацрвена) на цврсти супстанци: мраз, инклузиони соединенија, глини, минерали, неоргански и органски пигменти, керамика. Последниве години проф. Минчева-Шукарова се занимава со археометријата и примената на недеструктивни методи на анализа на испитување на музејските и археолошките објекти. Проф. Минчева-Шукарова била рецензент на 8 трудови во различни странски списанија. Презентирала 90 тру­дови на научни манифестации, од кои 10 усни соопштенија и 80 постерски презентации. Надвор од Македонија се презен­ти­ра­ни 73 труда (од кои едно пленарно и три секциски предавања). Во Македонија презентирала 17 трудови (од кои едно пленарно предавање). Била претседател на Организационен одбор на една научна мани­фес­тација и член на Научен/Организационен одбор на 6 научни конференции. Проф. Минчева-Шукарова учествувала во изработка на 10 меѓународни научноистражувачки проекти (од кои во 7 е раководител, а во 3 е член на науч­но­истра­жу­вач­киот тим) и во 10 домашни научноис­тра­жувачки проекти (од кои во 5 е рако­во­ди­тел и во 5 е член на научноистра­жу­вач­ки­от тим). Била ментор на една докторска дисертација, три магис­тер­ски работи и повеќе дипломски работи. Проф. Минчева-Шукарова била раководител на Заводот за физичка хемија при Инситутот за хемија на ПМФ во периодот од 1991 до 1993. Член е на Сојузот на хеми­ча­ри­те и технолозите на Македонија. Била член на повеќе стручни тела на факултетот како и на Универ­зи­те­тот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Има одлични познавања од англискиот и од српскиот јазик.

Престојувала на повеќе странски универзитети: Одделот за физика на Кингс колеџот во Лондон: 1979-1982 кадешто ја изработила својата докторска теза; потоа, на одделот за физика и одделот за хемија на Кингс колеџот во Лондон престојувала повеќе пати на двонеделни студиски престои во периодот од 1983 до 1996. На одделот за хемија на Империал колеџот во Лондон била престо­ју­ва­ла во јуни 1996 и јуни 1999. На Институт "Руѓер Бошковиќ" во Загреб прес­тојувала во октомври 1997. На од­де­лот за фармација на Универзитетот во Брајтон, Велика Британија, како и на одделот за хемија на Универ­зи­те­тот во Лондон престо­ју­вала како дел од програмата ТЕМПУС, во мај/јуни 1998 г. Била и на куси сту­дис­ки престои на одделот за физика на Универзитетот во Истанбул, во мај 2001, февруари 2003 и декември 2005.

Објавила вкупно 45 научни трудови: 23 надвор од Македонија, од кои 2 во списанија без импакт фактор и 21 во списанија со импакт фактор. Во списанија во Македонија, објавила 5 трудови. Во зборници на трудови, надвор од Македонија, објавила 15 трудови, а во зборници на трудови во Македонија, објавила 2 труда. Како позначајни трудови се: B. Minčeva-Šukarova, W. F. Sherman, G. R. Wilkinson, The Raman spectra of ice (Ih, II, III, V, VI and IX) as functions of pressure and tem­pe­ra­ture, J. Phys. C: Solid State Phys., 17, 5833-5850 (1984); B. Minčeva-Šukarova, G. E. Slark, W. F. Sherman, G. R. Wilkinson, A re-cor­re­lation of the vibrational spectra and crystallographic data for various ice polymorphs, J. Phys., C148, 37-43 (1987); L. Andreeva, B. Minčeva-Šukarova, V. Petruševski, The motion of the benzene molecules in the host lattice of M(NH3)2M’(CN)4·2C6H6, Croatica Chem. Acta65, 173-178 (1992); B. Minčeva-Šukarova, M. Najdoski, I. Grozdanov, C. J. Chunnilall, Raman spectra of thin solid films of some metal sulfides, J. Mol. Struct., 410-411, 267-270 (1997); B. Minčeva-Šukarova, G. Jovanovski, P. Makreski, B. Šoptrajanov, W. P. Griffith, I. Grzetic, Vibrational spectra of MIMIIIS2 type synthetic minerals (MI = Tl or Ag, MIII = As or Sb), J. Mol. Struct651-653, 181-189 (2003). Според Science Citation Index, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Минчева-Шукарова се цитирани 141 пати.