- д-р Димче Тошев Former Dr Димче Тошев


Кабинет Локал Дир. телефон Email [protected email] Консултации

Д-р ДИМЧЕ ТОШЕВ, редовен професор, е роден во Прилеп на 20 де­кем­ври 1919 г. Гимназија завршил во Битола и во 1938 г. се запишал на сту­дии во Белград. Дип­ло­ми­рал во 1943 г. на Природ­но-математичкиот факул­тет во Со­фија. Докторирал во 1959 г., на При­родно-матема­тич­киот фа­кул­тет во Скопје. Во 1946 г. е избран за прв асистент на Ка­тед­рата за хемија на Филозофскиот факултет во Скоп­је, ин­тен­­зив­но ангажирајќи се во создавањето на мате­ри­­јал­на база и биб­ли­­отечен фонд. Во 1947 г. е избран за пре­да­вач, во 1954 г. за доцент, во 1961 г. за вонреден и во 1966 г. за ре­до­вен профе­сор по пред­метот неорганска хе­ми­ја на Природ­но-математич­киот факултет во Скопје. Изведувал настава по хемија за хемичари, биолози, фи­зичари, медицинари, стоматолози и за студентите на Педа­гош­­ката академија. Научната работа на проф. Тошев е од областа на неорганската и аналитич­ката хемија. Ја испитувал растворливоста на солите во зависност од соста­вот на раство­ру­ва­чот, микро­елемен­тите во тутуни од Македонија, застапеноста на флуо­рот во различни природни продукти и во водите и, особено, својствата и составот на водите за пиење во населените места во Македонија. Работел врз номенклатурата на неорганската хемија, терминологи­јата по хе­мија на македонски јазик и методско-педагошките прашања на наставата по хемија. Обја­вил над 40 трудови од кои 4 во меѓународни списанија, а останатите во списанија во Република Македонија. Напи­шал повеќе учеб­ници за средните учи­лиш­та. Проф. Тошев е автор и на универзитетски учебник по неор­ганска хемија што служи како основен учеб­ник за студентите од различните струки во кои се изучува хемијата. Проф. Димче Тошев бил претседател на Советот на ПМФ, претседател на Друштвото на природниците на СРМ, потпретсе­дател на Унијата на хемис­ки­те друш­тва на СФРЈ, претсе­да­тел на Друшт­вото на хемичарите и технолозите на СРМ, претседател на Издавачкиот одбор на книгоиз­да­тел­ство­то „Просветно дело”, прет­се­дател на библио­те­катата „Браќа Мила­­диновци”, член на Комисијата за изработка на номенклатура по неорганската хемија на Уни­ја­та на хемиските друштва на СФРЈ, член на Комисијата за изработка на терминологија по хе­мија. Бил прв шеф на Хемискиот институт, продекан и декан на ПМФ и прв декан на Хемискиот факултет. Професорот Тошев вложил големи напори во вре­мето на изградбата и опрему­ва­њето на новата зграда на Хемискиот факултет, со што се соз­да­де­ни повол­ни услови за нормално и современо одвивање на наставата, а создадена е и база за научноис­тра­жувачка работа. За својата работа бил повеќепати наградуван и одликуван. На 1 октомври 1985 г. замина во пензија. Со своето несебично залагање во создавањето услови и реализација на мож­нос­­тите за сестран развој на хемијата на Природно-математичкиот факултет, проф. Димче Тошев е нај­мар­кан­тната фигура на Институтот и човек кој трајно ја задол­жил маке­донската хемија. Почина во октомври 2004 г. Институтот за хемија и хемијата во Република Македонија ќе му бидат вечно благодарни за основите и условите кои ги постави за развојот како на Институтот и факултетот, така и на хемијата во Република Македонија. Во негова чест амфитеатарот на Институтот за хемија го носи неговото име.